Андреј Жерновски: Боемска улица во Дебар Маало

544346_560324117331196_501608774_n_941937Оформување на посебна Боемска улица во Дебар Маало, по терк на Белградската Скадарлија, каде ќе се чува и негува посебниот скопски шарм, на потегот од ресторан Идадија до Градежниот факултет – по целата должина на сегашната улица Раде Кончар

 

 

Образложение:

На 17 септември 2014  година  улицата „Ѓорѓи Пешков“ свечено беше промовирана како прва  „Боемска улица“ во Дебар Маало. Со новото решение  оваа споредна улица прерасна во амбиентална пешачка зона со ниски станбени објекти, куќи со дворови и гостилници со вкупна површина од 2.000 метри квадратни.  На местото каде што завршува улицата е поставена дрвена инсталација за седење, како и декоративен бетонски ѕид со дрвени талпи и зеленило.   [Пристапено на: 22.03.2015]

Според градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, сегашната локација на „ Боемската улица“, е попогодна од првичната замисла – таа да биде направена на улицата  од ресторанот Идадија до Градежниот факултет , најмногу поради сообраќајното решение. [Пристапено на: 22.03.2015]

 

На 17 09.2014  година  медиумите пренесоа изјава на Жерновски  во која тој вели:

 „Идејата е цело Дебар Маало, односно главната улица на која има и најголем број кафеани да се претвори во боемска улица, но за тоа првично само се размислува и за тој проект е потребно да се направи сообраќајно решение“     [Пристапено на: 22.03.2015]

 

На седницата на  Советот на Општина Центар (08.10.2014),  Жерновски одговарајќи на прашањето на советникот од ВМРО-ДПМНЕ Сашо Трпески , „зошто  „Боемската улица“ не е направена на  локацијата која е ветена  во предизборната програма“, рече:

 

Боемската улица не можеше да биде лоцирана на тој потег бидејќи беше преголем од планираното. Со програмата која настапивме на изборите беше кај Идадија, но таму е многу посериозно решавањето на тој потег, бидејќи зависи од сообраќајно решение. Тоа е причината зошто не можеше досега да се реализира тој дел и кога тој ќе се реши и оваа улица ќе може да биде од затворен тип“  [Пристапено на: 22.03.2015]

 

Па, иако, Дебар Маало доби „Боемска улица“, сепак,  со оглед на тоа што е сменет првичниот план таа да биде на улицата „Раде Кончар“, може да се каже дека ова изборно ветување е делумно исполнето.

 

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција