Андреј Жерновски: Ќе обезбедиме бесплатно паркирање за жителите од Центар

Ќе обезбедиме бесплатно паркирање за жителите од Центар на сите отворени паркиралишта на Oпштина Центар, без разлика на местото на живеење.

Образложение:

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски вети  бесплатно паркирање во предизборието за локалните избори пред три години (12.03. 2013 година).Ова ветување е дел и од Изборната програма на Жерновски за Центар (стр.8).

Ќе извршиме реконструкција на паркинг просторите, Ќе изградиме нови катни гаражи. Жителите на Центар ќе имаат право на бесплатно паркирање на целата територија на општината, без разлика каде живеат 

На веб – страницата на Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ), во делот „ Повластена паркинг карта – Паркинг карта за жител“,  се наведени потребните документи за добивање  налепница, која граѓаните на Општина Центар може да ја користат  на целата територија.

  • – лична карта (на увид)
  • – сообраќајна дозвола (на увид)
  • * Важност на договорот 12 месеци.
  • – за прво возило

* Цената на ППК – ПКЖ е:

  • – Еднократен надоместок за склучување на договор 350 ден.

Вистиномер се јави во Паркинзи на Општина Центар од каде не информираа дека налепницата чини 350 денари со важност од 12 месеци, а секое продолжување изнесува 100 денари.

Имајќи предвид дека оваа сума се однесува на трошоците кои го покриваат печатењето и издавањето на налепницата, како и тоа дека е во прашање симболичен надомест за една година, тогаш може да се каже дека ветувањето е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Владо Ѓорчев

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција