Антизападна објава дезинформира за високите функционери на НАТО

Радмила Шекеринска | Фото: Vlada.mk, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Не е точно наведеното во објавата дека „секој што е назначен на било каква истакната функција во западниот свет мора да биде докажан предавник на својот народ“. Особено тоа не е точно за Шекеринска која што пред да стане втор човек на НАТО односно заменик-секретар на Алијансата, доби широка поддршка и од внатрешни политички актери вклучително и од Владата на РС Македонија

Не е точно наведеното во објавата дека „секој што е назначен на било каква истакната функција во западниот свет мора да биде докажан предавник на својот народ“. Особено тоа не е точно за Шекеринска која што пред да стане втор човек на НАТО, односно заменик-секретар на Алијансата, доби широка поддршка и од внатрешни политички актери, вклучително и од Владата на РС Македонија

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија и текст за Радмила Шекеринска и пишува:

Секој што е назначен на било каква истакната функција во западниот свет мора да биде пред се – докажан предавник на својот народ. Добар пример е заменичката на генералниот секретар на НАТО – Радмила Шекеринска.

Во склоп на објавата има интервју на Шекеринска за ХРТ во кое таа зборува дека помошта за Украина е вложување во нашата сигурност и дека НАТО сојузниците ѝ дале на Украина воена помош вредна повеќе од 35 милијарди евра.

Американската воена помош е важна. Разговаравме за тоа со САД. Сметаме на таа моќна континуирана посветеност кон Украина, зашто тоа што се случува во Украина влијае на нашата сигурност, вели Шекеринска во еден дел од интервјуто за ХРТ.

Не е точно наведеното во објавата дека „секој што е назначен на било каква истакната функција во западниот свет мора да биде докажан предавник на својот народ“. Особено тоа не е точно за Шекеринска која што пред да стане втор човек на НАТО, односно заменик-секретар на Алијансата, доби широка поддршка и од внатрешни политички актери вклучително и од владата на Република Северна Македонија.

Во Кривичниот законик на Република Северна Македонија, зборот „велепредавство“ се споменува во членот 305 во главата за кривични дела против државата но во контекст на насилна промена на уставниот поредок. Членот 305 односно кривичното дело „велепредавство“ гласи:

Тој што со употреба на сила или сериозна закана ќе се обиде да го измени уставниот поредок на Република Македонија или да ги собори највисоките државни органи, ќе се казни со затвор најмалку пет години.

Поглавјето за кривични дела против државата во Кривичниот законик се однесува на употреба на сила и насилства, насилно однесување, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, диверзија, вооружен бунт, саботажа, шпионажа итн. Во тој правен контекст, Шеќеринска не е ниту обвинета ниту осудена за кривични дела против уставниот поредок. НАТО има безбедносни процедури, проверки на лицата кои се во неговите високи структури при именување функционери. Клучни аспекти на процесот на избор на заменик-генерален секретар на НАТО се проверка на биографијата,  интервју вклучувајќи презентирање на кандидатот со неговото искуство и квалификации, проследено со прашања од членовите и можност кандидатот да постави прашања за улогата и работната средина. Но, земјите-членки предлагаат кандидати и се вклучуваат во дипломатски консултации за да изградат консензус за соодветна личност. 

Шекеринска долги години беше функционер на Социјадемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), политички опонент на владејачката ВМРО-ДПМНЕ чиј претседател е македонскиот премиер, а Шекеринска поддршката ја доби од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш премиерот Мицкоски рече дека и покрај идеолошките разлики, националното единство и националните интереси за Владата се пред и над партиските. Оттаму, непоткрепено е дека Владата би поддржала некој што е предавник или кој оди спротивно на националните интереси на С. Македонија, туку напротив.

Како Влада имавме пред нас би рекол предизвик за одлука, а тоа беше кој и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, имајќи в предвид дека таму имаше кандидати од неколку земји и ние тука немавме никаква дилема. Зошто? Прво, затоа што повикуваме често на единство, повикуваме на дијалог со опозицијата и доколку повикувате, а тоа не го правите на дела, тогаш сте лицемерни. Така што ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шеќеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници, рече Мицкоски.

Дополнителен доказ дека високата функција во НАТО не е „предавство за сопствениот народ“ е тоа што се работи за најмоќната и најдобро организираната воена алијанса во светската историја.

Да се има Македонка, во случајов заменик-генерален секретар на најмоќната и најдобро организираната воена алијанса во светската историја е навистина чест и тука ниту јас имав дилема, ниту ние како Влада, коишто бевме вклучени во овој процес дека треба да ја поддржиме кандидатурата и добро е што успешно се заврши, изјави Мицкоски.

Не само што не била предавник, туку Радмила Шекеринска беше министерка за одбрана на Северна Македонија од 2017-2022 година, одигра клучна улога во процесот на пристапување на земјава во НАТО во 2020 година. Како најголем успех за време на нејзиниот мандат како вицепремиер за евроинтеграции се смета подготовката на Северна Македонија да ја поднесе кандидатурата за членство во Европската Унија во 2005 година. Тие дејствија покажуваат чин на усогласеност со стратешките интереси на Северна Македонија, за одбраната и безбедноста.

„Политико“ повикувајќи се на изјава на висок дипломат на НАТО, извести дека постои општ консензус меѓу сојузниците дека источноевропеец треба да биде назначен за заменик на новиот шеф на Алијансата. Меѓу другите кандидати беа поранешната бугарска министерка за надворешни работи Марија Габриел, поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ и Оливера Ињац, која беше министерка за одбрана на Црна Гора 2020-2022 година.

Поради своите залагања и резултати на полето на европската интеграција на Македонија и регионот, Шекеринска во 2005 година беше добитник на наградата МЛАД ГЛОБАЛЕН ЛИДЕР која и ја додели Светскиот економски форум. Воедно, Шекеринска беше член на Европскиот Стратешки Форум кој ги анализира стратешките прашања кои се однесуваат на Европската Унија. Форумот работи под покровителство на претседателот на Португалија, претседателот на Европската Комисија, премиерот на Луксембург и поранешниот претседател на Европскиот Парламент.

Шекеринска за прв пат беше избрана за пратеник на парламентарните избори во 1998. Таа воедно беше член на делегацијата во Интерпарламентарната унија (ИПУ) и член на пратеничката група за соработка со Европскиот парламент.

Што се однесува на поддршката за Украина, Вистиномер повеќе пати има пишувано на оваа тема и ги има разобличено дезинформациските наративи на оваа тема.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција