Апсењето на Бошкоски е поврзано со прислушувањето

Стојам на тоа дека таканаречното обвинение Тортура нема никаква врска со прислушувањето, со она што се случувало во текот на прислушувањето. За тоа како е дојдено до прислушувањето, туку дека се работи повторно за политички атак…Зашто се поврзува со прислушувањете, зашто во една од бомбите имавме прилика да чуеме како коментира Мијалов со Латас за тоа како бил приведен Љубе. Но тоа е пост фестум…

[Извор: 24 Анализа ( од 2:43 минута до 4:33 минута)  Датум: 30.03.2016]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проофесорт Оливер Андонов во емисијата 24 Анализа, на телевизијата 24 Вести,  даде неточна и недоследна  изјава во врска со истрагата на Специјалното јавно обвинитилство  (СЈО) за случајот „Тортура“.

Андонов во дебатната емисија изнесе мислење дека Специјалното јавно обвинителство води политичка хајка, во овој случај против поранешниот шеф на Управата за безбедност и конраразузнавање, Сашо Мијалков. Како аргумент, Андонов наведе дека  Мијалков, формално, не би можел да биде првоосомничен, зашто според поделбата на надлежностите во Министерството за внатрешни работи, Управата за безбедност и контраразузнавање немала право да апси, туку дека за нејзините потреби тоа го правеле лица од Бирото за јавна безбедност. Тој додаде дека така било и во времето кога тој работел таму и кога шеф на УБК бил Сашо Мијалков.

Андонов не е во право од два аспекта. Прво, тој не може да знае дали случајот „Тортура“ е поврзан со прислушувањето или не. Дури и да постои само една снимка, таа што ја наведува од бомбите за разговорот меѓу Мијалков и Латас, тој случај е формално поврзан со прислушувањето, што пак, е надлежност на СЈО. Јавноста, вклучувајќи го и Андонов нема увид дали постојат и други снимени разговори поврзани со следењето и апсењето на Бошкоски. Таков увид има СЈО.

И второ, Специјалното јавно обвинителство според Законот за негово формирање, единствено има надлежност да оценува кој случај е под надлежност на неговата работа, а кој не е. Тоа е јасно регулирано во член 2 од Законот:

 „Неовластено следење на комуникации” се дефинира како неовластено следење на сите комуникации, извршено во периодот меѓу 2008 и 2015 година, вклучително но не и ограничено на аудиоснимки и транскрипти поднесени до Јавното обвинителство пред 15 јули 2015 година.

 Надлежноста и детали околу тоа се наоѓаат и од во одредени ставови  членот 5 од овој Закон , особено:

(став 1, член 5) : Јавниот обвинител кој раководи со Јавното об- винителство ќе биде овластен да истражува и гони кри- вични дела поврзани и кои произлегуваат од содржина- та на неовластено следење на комуникациите, како што е дефинирано во членот 2 став (1) од овој закон.

(Параграф 5 , став 4 од членот 5) : Поведување и спроведување на обвиненија во кој било надлежен суд, составување и потпишување на об- виненија, поднесување на информации, и водење на сите аспекти на кои било предмет кој произлегува од овој закон, во името на Република Македонија.

За автономијата на воспоставувањето надлежност и водењето постапки прецизно се зборува во ставот 1 и ставот 2 од членот 6:

(1) Со работата на Јавното обвинителство самостој- но раководи јавен обвинител кој ги распоредува рабо- тите и работните задачи и одговара за навремено и ква- литетно вршење на работите.

(2) Јавниот обвинител има целосна автономија во истражувањето и гонењето на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите. Ниту еден јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија, вклучувајки го и Јавниот обвинител на Република Македонија, не може да влијае на неговата работа, или да бара извештаи поврзани со предмети од јавниот обви- нител или јавните обвинители во рамките на Јавното обвинителство.

 Од погоре образложеното, сосема е јасно зошто ја оценуваме изјавата на Андонов за недоследна (имено, тој не знае со колку снимки располага СЈО за конкретниот случај), а покрај тоа и за невистинита, бидејќи и самиот споменува дека постои макар една снимка од незаконски прислушуваните комуникации, а која е поврзана со случајот „Тортура“.

ИЗВОРИ:

Оценето од: Тео Блажевски

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција