Аријан Ибраим

Аријан Ибраим e градоначалник на Општина Центар Жупа.

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Аријан Ибраим е роден на 17 април 1972 година, во село Голем Папрадник, општина Центар Жупа.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основно училиште завршил во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк” -Центар Жупа. Средно училиште завршил во СМУ „Никола Штејн” во Тетово.

Студии и постдипломски завршил во Република Турција, каде се стекнал со звањето на дипломиран економист, а магистратурата му е од областа на меѓународни односи.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Бил наставник во родното место и раководител на Правно-финансиско одделение во општина Центар Жупа.

Работел неколку години и во Република Италија. На локалните избори во 2013 година е избран за градоначалник на општина Центар Жупа.

 

ИЗВОРИ

Гласило на ЗЕЛС 2013.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција