Асфалтиран е патот во с. Мирдита, Гостивар

Реконструкцијата и асфалтирањето на патот во должина од околу 700 метри беше ветено во Изборната платформа на ДУИ за иборите во 2014 година и тоа ветување е исполнето во последниот квартал од 2016 година

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Од страна на општина Гостивар беше ветено асфалтирање на главниот пат во село Мирдита, Гостивар. Проектот беше ветен во Изборната платформа на Демократската унија за интеграција, за изборите во 2014 година. Со ова инвестиција на општина Гостивар, се овозможува поврзување на ова село со магистралниот пат Гостивар – Кичево. Како последен рок за завршување на работите беше наведена 2016 година. Досега (проверката е извршена на 19.01.2017), ова ветување е исполнето.

„Патот кој што го поврзува село Мирдита, и кој што излегува на магистралниот пат Гостивар – Кичево, ќе се асфалтира во текот на неделата“. (Извор: Служба за информирање – Oпштина Гостивар, 19.09.2016)

Ова беше ветувањето на градоначалникот на општина Гостивар, дадено во с. Мирдита, кој отиде во посета за да провери до каде се работите кои се одвиваа на главниот пат во ова село.

Должината на патот пред асфалтирањето, според информација од Општината била околу 670 метри, а истиот беше официјално пуштен во употреба на 14.10.2016. Тогаш беше соопштено дека главниот пат во гостиварското село Мирдита е целосно асфалтиран. Според градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта, овој пат по асфалтирањето има должина од 710 метри а широк е 3,5 метри. Градоначалникот изјјавил дека инвестицијата е во вредност од околу 53 илјади евра, средства кои се обезбедени од страна на буџетот на општина Гостивар.

Општината Гостивар, и јас како градоначалник, продoлжуваме да го реализираме тоа што им го ветивме на граѓаните, односно да создадеме подобри услови за живот, иnвестирајќи во инфраструктурата и во други сфери. Патот ги исполнува сите потребни стандарди, и е изграден од познатата гостиварска фирма „Магнум Транс“. (Извор: Aктуале.мкСлужба за информирање – Општина Гостивар, 14.10.2016)

Од поогоре изложените факти можеме да заклучиме дека проектот за асфалтирање на главниoт пат во село Мирдита во Гостивар, е исполнет. 

ИЗВОРИ:

Оцени: Рабие Абази

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција