Асфалтиран граничниот пат Дебар – Блато

Делницата Дебар- Блато е значајна за граѓаните од двете страни на границата Фото: Општина Дебар

 

Проект: Асфалтирање и проширување на граничниот пат Дебар-Блато

Рок: 1 година; Буџет: Министерство транспорт и врски

[Извор:  Порталб:  Дебата за Дебар за локалните избори 2017датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Дебар, Ружди Лата  во кампањата за локалните избори (октомври 2017 година), почточно во  предизборната дебата организирана од „Порталб“ , вети асфалтирање и проширување на патот Дебар-Блато. Ова изборно ветување на градоначалникот Лата е исполнето.

На 07.10.2017 година, во текот на споменатата дебата, Лата за оваа сообраќајница изјави:

За ваша информација тендерот е отворен, го доби компанијата „Илинден“ и таа ќе го гради патот Дебар – Блато од 5 км, а ќе се заврши за една година 2017-2018.

Во  прилог објавен на „Алсат М“ на 22 октомври 2017година е пренесена  изјава  од Јавното претпријатие за државни патишта во која се вели:

Во моментот се прави рехабилитација на актуелниот пат од Дебар до граничната точка „Блато“. Во септември е потпишан договорот и избрана е компанијата што ќе работи на рехабилитација на овој пат.

На 23.11.2017 година на својот официјален Фејсбук профил, градоначалникот на Општина Дебар, соопшти:

Едно од првите ветувања на Демократската Унија за Интеграција, како владејачка партија на централно и локално ниво, беше градењето на патот што ќе го спои  Дебар со Албанија со граничнион премин Блато, кој ќе почне да се гради наскоро и за помалку од месец ќе стане реалност. Деновиве, откако ги завршивме административните –процедури, почнаа градежните работи за реконструкција на патот Дебар-Блато. Овој пат е особено значаен за граѓаните од двете страни на границата и е дел од поголемиот проект што ќе отвори нови перспективи за Дебар.

На почетокот на овој месец ( 04.04.2018 г.),   градоначалникот на Општина Дебар на својот Фејсбук профил објави дека заврши рехабилитацијата на споменатата патна делница:

Едно од ветувањата на градоначалникот на Општина Дебар во минатите локални избори, со мотото „За европски Дебар“ беше и патот Дебар-Блато. Ова ветување веќе стана реалност и денеска завршија градежните работи со финализација на  5 км асфалтиран пат на една од најважните улици за Дебар.

На 06.04.2018 година порталот „БотаСот“ пренесејќи  изјава од Општина Дебар во врска асфалтирањето на патот Дебар-Блато, информираше:

Градоначалникот на Општина Дебар за локалните избори го ветуваше патот Дебар-Блато. Со асфалтирање на оваа делница, што ќе биде и дел од „Патот на Арбер“, придобивки од економски аспект ќе имаат граѓаните од двете страни на границата.

Имајќи ги предвид  горенаведените  информации, ова изборно ветување на градоначалникот Ружди Лата го оценуваме како исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција