Асфалтиран e локалниот пат Чегране – Тумчевиште, (Гостивар)
Проект: Санирање на локалниот пат Чегране -Тумчевиште, (Гостивар)
Вредност: 13.1 милони денари
Рок на реализација: 2014-2015
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Санирање на локалниот пат Чегране-Тумчевиште, (Гостивар), беше еден од проектите кој што беше ветен во Изборната платформа на ДУИ, на изборите во 2014 год., како проект кој ќе биде реализиран во текот на мандатот 2014-2018. Како последен временски рок за реализација на проектот беше ветена 2015 год. Проверката што ја направивме покажува дека ова ветување е исполнето.
Работите за санација на локалниот пат Чегране – Тумчевиште започнаа на 04.03.2014 год., кога и Општина Гостивар информираше за започнувањето на акцијата за санација на локалниот пат што го поврзува Чегране со селото Тумчевиште, во должина од 3 километри.
„Извршено е рамнење на патот и се создадени подобри услови за движење на жителите на ова област, особено луѓето кои работат во земјоделството и сточарството ќе бидат во можност да се движат послободно со своите работни машини“. (Извор: Актуале.мк, 04.03.2014)
Работите се одвиваа според предвидената динамика. На 09.10.2014 год. општина Гостивар информираше дека асфалтирањето на патот Чегране – Тумчевиште ќе биде готово за четири дена (на 12/13 октомври).
„До сега е асфалтиран половина пат, додека во текот на овие четири дена комплетно ќе се заврши целиот пат. Асфалтирањето на патот беше предизборно ветување, но истовремено и дамнешно барање и очекување на жителите на селото Чегране“. (Извор: Служба за информирање, Општина Гостивар , 09.10.2014)
Патот не беше комплетиран во прецизниот рок кој што беше најавен од општина Гостивар. Сепак, работите завршија неколку дена подоцна, односно на 24.10.2014.
„Ние денеска го пуштаме во употреба патот за кој жителите на ова област, жителите на Чегране и Форино чекале повеќе од 50 години. Овој пат е долг околу 3 километри и чинеше околу 300 илјади евра, средства кои се обезбедени од општинскиот буџет. Од денеска овој пат ќе ги поврзе меѓу себе сите населени места кои се во близина на Чегране, а ќе ги поврзе и со соседните општини Врапчиште, Боговиње и општина Тетово„ (Извор: Кохањуз, 24.10.2014)
Проектот за санирање на локалниот пат Чегране-Тумчевиште (Гостивар), беше долгогодишна потреба на жителите на овие места. Работите се одвивале според предвидената динамика и се комплетирани во предвидениот рок. Врз основа на тоа што бевме во можност да го провериме, можеме да констатираме дека ветувањето за асфалтирањето на локалниот пат Чегране – Тумчевиште, (Гостивар) е исполнето.
ИЗВОРИ:
- Изборна платформа на Демократска унија за интеграција, Избори 2014 (страна 258/109);
- |04.03.2014| Aктуале.мк – Гостивар, Започнува санација на патот Чегране – Тумчевиште -( пристапено на 04.12.2016 год.);
- |09.10.2014| Служба за информирање, Општина Гостивар – Пред завршување асфалтирањето на патот Чегране – Тумчевиште, патот ќе биде готов наредната недела (пристапено на 04.12.2016 год.);
- |24.10.2014| Кохањуз – Асфалтиран патот што го поврзува Чегране со автопатот Гостивар – Тетово, проектот над 300 илјади евра – (пристапено на 04.12.2016 год);
Оцени: Рабије Абази
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар