Асфалтирана улицата во село Стримница – Општина Желино
На крајот на септември минатата година, за време на предизборната дебата на „Клан ТВ Македонија“ посветена на локалните избори, тогашниот кандидат, а сега градоначалник на Општина Желино, Блерим Сејдиу вети асфалтирање на улицата во горниот дел на селото Стримница во оваа Општина. Ова изборно ветување на Сејдиу, е исполнето.
Ветување: Асфалтирање на улицата во горниот дел на село Стримница, Општина Желино
[Извор: Клан ТВ Македонија – Предизборна дебата (1:10:00 од видеото) ; датум: 30 септември 2021]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
На крајот на септември минатата година, за време на предизборната дебата на „Клан ТВ Македонија“ посветена на локалните избори, тогашниот кандидат, а сега градоначалник на Општина Желино, Блерим Сејдиу вети асфалтирање на улицата во горниот дел на селото Стримница во оваа Општина. Ова изборно ветување на Сејдиу, е исполнето.
На 25 ноември 2021 градоначалникот Сејдиу во неговиот Фејсбук профил објави фотографии од асфалтираната улица во село Стримница и напиша:
Немаме време за губење!
Како што ветивме денеска ја асфалтиравме улицата во горниот дел на село Стримница.

Исто така, на Фејсбук страницата на градоначалникот Сејдиу е објавен и видео материјал од градежните активности на оваа улица во село Стримница, од којшто може да се види дека улицата е асфалтирана.
Според објавата на Електроснкиот систем за јавни набавки Вредноста на реализацијата на овој проект изнесува 3.762.383 денари и тој е изведен компанијата „Амазон Проект“.
Од Општина Желино за „Вистиномер“, исто така, потврдија дека проектот за асфалтирање на горниот дел на улицата во село Стримница, финансиран од буџетот на Општината, е целосно финализиран.
Имајќи го предвид сето ова, ветувањето на градоначалникот Сејдиу за асфалтирање на улицата во горниот дел на село Стримница – Општина Желино, го оценуваме како исполнето.
ИЗВОРИ:
- Предизборна дебата во Клан ТВ Македонија (30.09.2021) [Пристапено на 10.02.2022]
- Официјална веб-страница на Општина Желино [Пристапено на 10.02.2022]
- Фејсбук страница на градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу [Пристапено на 10.02.2022]
Оцени: Дрилон Салиу
Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар