Aсфалтирани делови од Булеварот “Благој Тоска” во Тетово

Асфалтирање на улицата кај тетовската касарна, Фото: Општина Тетово

Во предизборната кампања градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, го спомна асфалтирањето на делови од булеварот „Благој Тоска“, како дел од програмата за подобрување на патната инфраструктура за 2017 година. Ова ветување на градоначалничката на Општина Тетово, е исполнето ветување со забелешка дека асфалтирањето на улицата започна во август, а заврши дури во ноември 2017

 

Проект: Асфалтирање на улицата кај Тетовската Касарна (Делови на Булеварот „Благој Тоска“)

Рок: 2017

Буџет: Македонски Патишта во соработка со Општина Тетово

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во предизборната кампања градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, го спомна асфалтирањето на делови од Булеварот „Благој Тоска“, како дел од програмата за подобрување на патната инфраструктура за 2017 година. Ова ветување на градоначалничката на Општина Тетово, е исполнето ветување со забелешка дека асфалтирањето на улицата започна во август, а заврши дури во ноември 2017.

Медиумите на 07.11.2017 известија дека е пуштена во употреба асфалтираната улица блиску до Тетовската касарна:

Само што заврши асфалтирањето на Тетовската Касарна. „Македонија пат“ во соработка со Општина Тетово ја завршија ова улица која со години беше проблем на тетовчани. Реконструкцијата на оваа улица сега отвори уште една мала артерија во Тетово, ослободувајќи го малку собраќајниот метеж кои години наназад беше сериозен проблем во овој град.

Од Општината тогаш изјавија дека овој проект е дел од програмата за 2017 година:

Овој дел од Булеварот „Благој Тоска“ беше во план и работите продолжија според програмата за 2017 година. Улицата се асфалтира брзо и ефикасно. Оваа улица поврзува голем дел од населбите на Општина Теарце, Порој, Џепчиште, но и регионалниот пат Тетово-Јажинце. Ја асфалтиравме оваа улица која беше во многу лоша состојба. Овозможуваме поефикасен сообраќај и полесно движење на жителите од овие населби.

Асфалтирањето на оваа улица беше започнато во август истата година, но задоцни неколку месеци, принудувајќи ги граѓаните да користат алтернативни улици, како во населбата „Цетинска“ и патот кон музичкото училиште, што повеќе од еден месец предизвика голем собраќаен хаос во градот. А, во текот на предизборната кампања овој проект беше промовиран како проект при крај, додека улицата стана функционална речиси еден месец подоцна. Дел од медиумите сметаа дека асфалтирањето беше од политички цели и се забрза за да се промовира како проект во тек на предизборната кампања.

Сепак, имајќи ги предвид сите информации и проверката на лице место, ветувањето на градоначалничката на Општина Тетово за подобрување на патната инфраструктура во градот асфалтирањето на делови од Булеварот „Благој Тоска“ го оценуваме како исполнето.

ИЗВОРИ:

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција