ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Отворен ден“

Во рамките на проектот „Отворен ден“ граѓаните ќе можат да го посетат секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, да се запознаат со нивните права и ингеренциите на полицијата или да дадат предлози за подобро работење на МВР.

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против тероризмот

Јакнењето на системот на национална безбедност, одржувањето на стабилноста во земјата и борбата против тероризмот како глобална закана остануваат наш приоритет и во новиот мандат. Управата за безбедност и контраразузнавање како рамноправен…

ВМРО-ДПМНЕ: Повисока ефикасност во откривањето на кривичните дела

Преку унапредување на меѓуинституционалната и меѓународнатa соработка ќе постигнеме повисока ефикасност во откривањето на кривичните дела. Заеднички меѓуинституционални тимови ќе постапуваат во истражување на одредени типови на кривични…

ВМРО-ДПМНЕ: Отчет за имотната состојба на вработените во МВР

Секој вработен во МВР ќе дава отчет за имотната состојба. Промените во имотната состојба на вработените во МВР ќе се контролираат по случаен избор на лица за кои ќе се направи споредување на податоците пријавени во анкетните листови…

ВМРО-ДПМНЕ: Државна програма за превенција и репресија на корупцијата

Донесување на нова Државна програма за превенција и репресија на корупцијата и нова Државна програма за превенција и намалување на појавата на судир на интереси со акциски планови за нивна имплементација согласно со препораките од…

ВМРО-ДПМНЕ: Слобода на медиумите

Ќе предложиме со заокружување на правната рамка заради обезбедување на услови во кои институциите надлежни за контрола и регулација на медиумите ќе воспостават непречена и неселективна примена на регулативата за да се овозможи еднаква и фер…

ВМРО-ДПМНЕ: Соработка со Европскиот суд за човекови права

Во новиот мандат ќе продолжиме со соработката со Европскиот суд за човекови права преку унапредување на правната рамка, спроведување на пресудите на судот во случаите во кои Република Македонија се јавува како тужена страна, како и превод…

ВМРО-ДПМНЕ: Примената на Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи

За натамошно унапредување на знаењата на судиите и јавните обвинители ќе се реализираат обуки за примената на Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи и дополнителните протоколи и одлуките на Европскиот суд за…

ВМРО-ДПМНЕ: Јакнење на организацискиот капацитет на пенитенцијарниот систем

Ќе се преземат активности за јакнење на организацискиот капацитет на пенитенцијарниот систем во Р. Македонија за да се обезбеди целосна заштита на човековите права во третманот на притворените и на осудените лица.

ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција и опремување на казнено-поправен дом Идризово

Во периодот 2011-2015 ќе се продолжат активностите за изградба, реконструкција и опремување на: Казнено-поправен дом Идризово преку изградба на нови објекти со површина од 43000 м2, со што вкупниот капацитет на оваа установа ќе се зголеми…

ВМРО-ДПМНЕ: Размена на административни документи

За воспоставување на унифициран и едноставен начин на размена на административни документи ќе се изготви Предлог за поведување на постапка за потпишување и ратификација на Република Македонија на Европската конвенција за доставување во…

ВМРО-ДПМНЕ: Екстрадиција

Со цел за забрзување на механизмите за екстрадиција, ќе се изготви Предлог за поведување на постапка за ратификација на Третиот дополнителен протокол на Конвенцијата за екстрадиција на Советот на Европа.