Со лажно лого на „Волмарт“ се мамат граѓани за наводна наградна игра

 „Волмарт“ нема претставништво во нашата земја, така што невозможно е да организира некакви наградни игри кај нас. Доколку ја отворите официјалната Фејсбук страница на „Волмарт“ ќе видите дека логото на компанијата е поинакво, со други бои.…

Вест за возило паднато во Охридското Езеро, стара две години, се објавува како да е денешна

Не е вистина дека денеска автомобил „Тојота“ паднал во Охридското Езеро. Веста која е мошне вирална на социјалните мрежи и е една од главните вести денеска, е всушност стара, односно настанот се случил пред точно две години, на 27 јуни 2020…

Со лажна наградна игра се мамат Фејсбук корисниците да споделат лични податоци

Не е вистина дека „Шпаркасе банка“ доделува над 25 илјади евра преку наградна игра на Фејсбук. Станува збор за лажна Фејсбук страница која го злоупотребува името и брендот на банката, доведувајќи ги во заблуда корисниците во обид да дојде…

Лажна Фејбук страница на КАМ маркети манипулира со граѓаните преку непостоечка наградна игра

Станува збор за фан страница на Фејсбук во која логото на КАМ маркетите, кое иако е слично со оригиналното, не кореспондира со оригиналното. Истото е злоупотребено и искористено на главната фотографија на фан страницата, која е креирана…

Со монтирана фотографија се дезинформира дека Бил Гејтс бил осуден во Гвантанамо

Фотографијата што се споделува во овој пост на Фејсбук не е од Бил Гејтс, ниту пак, тој бил некогаш осуден во Гвантанамо. Оригиналната фотографија којашто е злоупотребена и фалсификувана во постот,  е извадена од еден видеоматеријал…

„Мекдоналдс“ не користи човечко месо во своите производи

Лажното тврдење дека човечко месо се служи во „Мекдоналдс“, кружи на интернет од 2014 година, кога за првпат беше споделено од веб-страница позната по сатирични објави. „Мекдоналдс“ го отфрли ваквото тврдење на својата веб-страница како…

Со компјутерски генерирано видео се дезинформира дека руски проектил уништил склад за оружје

Не е вистина дека на видеоматеријалот што се споделува на Фејсбук се гледа напад на руски проектил врз украинска база за оружје под земја. Станува збор за компјутерски генерирано видео, а не за материјал од реалноста

Не е точно дека студија покажала дека 80 проценти од вакцинираните жени имале спонтан абортус

Не е вистина дека според студија на First New England Medicine, 80 проценти од жените што се вакцинирале во првото и второто тримесечје од бременоста имале спонтан абортус. Написот кој се темели на студијата, како што пишуваат странски…

Произволно се тврди дека Бајден има двојник

Повеќе светски медиуми известија дека во саботата Бајден паднал од велосипед, додека возел со својата сопруга во близина на неговата викендица во Рехобот Бич во Делавер. На Бајден не му требала медицинска помош, според Белата куќа и немал…

Фотографија од вежба на борбени авиони злоупотребена за ширење теории на заговор за кемтрејлс

Воопшто не станува збор за авиони од комерцијални летови, туку за борбени авиони кои изведувале вежби и не станува збор за никакви кемтрејлс туку за обични траги од авион предизвикани од кондензација

Религиозен ритуал претставен како педофилија

Не е вистина дека на видеото споделено во рамките на постот е прикажан доказ за педофилија. Станува збор за религиозен ритуал, кој иако е контроверзен и поттикнува дебати ширум светот, сепак не вклучува педофилија

Спајк протеинот од вакцината против ковид-19 не е поврзан со раст на стапката на канцер

Наспроти тврдењето во постот што го рецензираме, вакцините против ковид се испитани и нема линк меѓу нив и зголемена стапка на канцер. На официјалната веб-страница за вакцинација во земјава е посочено е дека вакцините против ковид-19 не…

Mажот во сукња и потпетици не е Шарл Мишел

Фотографијата што се споделува на Фејсбук е направена на 1 јули 2021 година, за време на модната недела Пити Уомо во Фиренца и прикажува еден од учесниците на настанот. Ова е една од  фотографиите споделени на Фејсбук страницата на Пити…

Адренохромот се добива синтетички во лабораторија, а не од крв на киднапирани деца

Да се извлече адренохром од живо човечко битие, би претставувало многу комплицирана процедура, со многу чекори за прочистување и операции. Наспроти таквиот начин на добивање, адренохромот е едноставна молекула која може да се синтетизира во…

Ненадејната смрт кај возрасните луѓе не е поврзана со вакцината против ковид-19

Не е точно дека вакцинацијата против ковид-19 предизвикува зголемена стапка на смртност од синдромот САДС (синдром на ненадејна аритмична смрт). САДС постои децении пред да се појави пандемијата со коронавирусот и вакцините против ковид-19…

Не постои Јасмина од Тетово, која јадејќи „турски ориз“ ослабела 23 килограми за два месеца

На фотографиите споделени во постот не е Јасмина од Тетово, туку е прикажана Шерил Блајт триесет и три годишна жена од Есекс, Англија. Во текстот објавен во „Индепендент“ пред цели 7 години, односно во 2015 г., таа раскажува дека започнала…

Не е точно дека во ОН терминот „македонски јазик“ е заменет со „јазик на РС Македонија“

Постот шири невистини за наводно интерно упатство на ОН да се користи терминот  „јазик на Северна Македонија“, наместо „македонски јазик“. Ваквите дезинформации беа демантирани од ОН и од македонското МНР

Не е точно дека Бајден изгубил на претседателските избори во САД во 46 држави

Не е вистина дека 46 од 50 држави во САД утврдиле дека Бајден ги изгубил гласовите во нивната држава, како што се тврди во постот што го рецензираме. Пребројувања на гласовите од претседателските избори во 2020 година, поттикнати од…