Во следните четири години ќе продолжиме со предвремена отплата на неповолните кредити со кои не задолжија нашите претходници. Нашата цел е да биде Македонија земја со низок јавен надворешен долг.
Истовремено ќе го завршиме процесот на приватизација на фирмите во државна сопственост (ЕМО, Охис, Еурокомпозит, Сувенир, тутунски комбинат Прилеп), со обврзувачки принцип стратешкиот инвеститор да ги задржи вработените.
Буџетскиот дефицит ќе остане на умерено ниво од околу 2% од БДП (Буџетски дефицит е негативна разлика меѓу планираните, односно наплатените приходи и одобрените средства, односно расходи)
Во следните четири години (од 2008 до 2012), очекуваме уште поинтензивно да продолжи економското закрепнување на Македонија, со просечен пораст на БДП од 6-8%.
Ќе растат и пензиите. На 1 јуни 2008, 1 јануари и 1 јуни 2009, и 1 јануари 2010 година, пензионерите ќе добијат покачувања на пензиите, така како што ветивме. Со тоа, вкупниот пораст на пензиите ќе достигне речиси 30% за најниските…
Платите на учителите, здравствените работници, полицијата, војската, културните работници и јавната администрација, на 1 октомври 2008 ќе се зголемат за уште 10%, а на 1 октомври 2009 за дополнителни 10%. Вкупното зголемување на платите со…
Изградба на нов Археолошки музеј во Скопје на кејот на р . Вардар . Во рамките на истиот објект ќе биде сместен Уставниот суд и Државниот архив на Македонија (рок 2012 година).
Вистиномер.мк, преку тим на стручни лица од соодветните области, ги анализира ветувањата на политичките субјекти и ги презентира во лесно читлива, агрегирана форма, заедно со систематски статистички податоци. Секое идентификувано…