Авировиќ и луѓето со качулки беа заедно во собраниската сала

 

Пратеничката од Социјалистичката партија, Владанка Авировиќ, која за време на крвавиот инцидент во Собранието (27.04.2017) беше во пленарната собраниска сала, за НОВА ТВ изјави:

Не влегоа луѓе со качулки , тоа беше само народ. Ние во салата кога бевме немаше такво нешто, ниту пак знаевме што се случува надвор од салата…

 

[Извор: НОВА ТВ    (од 0,50 до 1,00 минута од видеото) Датум: 02.05.2017]

 

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Оваа изјава на пратеничката од Социјалистичката партија, Владанка Авировиќ,  која е дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во која вели дека во собраниската сала не влегле „луѓе со качулки, туку тоа било само народ“,  е невистинита.

Доволно е да се погледнат снимките од Собранието од моментите кога демонстрантите се  во салата, на нив јасно се гледа дека и Авировиќ е присутна во собраниската сала кога има лица со качулки, а во еден момент таа дури и ги фотографира (1.47 минута од видеото).

 

ИЗВОРИ:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција