Бајата и неточна е објавата дека Фондот ќе ги плаќа операциите за промена на полот

Пост на Фејсбук шири невистини дека операциите за промена на полот ќе бидат на товар на Фондот за здравство. Објавената слика на министерот за здравство заедно со насловот се од стар текст од јуни  2019 година, без контекст и дополнително објаснување, што оддава погрешен впечаток дека веста е нова, актуелна и вистинита. Иако, фактички, станува збор за стара изјава на Филипче, кој уште наредниот ден соопшти дека  се повлекува од првично искажаниот став

 

Пост на Фејсбук шири невистини дека операциите за промена на полот ќе бидат на товар на Фондот за здравство. Објавената слика на министерот за здравство заедно со насловот се од стар текст од јуни  2019 година, без контекст и дополнително објаснување, што оддава погрешен впечаток дека веста е нова, актуелна и вистинита. Иако, фактички, станува збор за стара изјава на Филипче, кој уште наредниот ден соопшти дека  се повлекува од првично искажаниот став

 

Објава  од  принтскрин на текст со наслов „Филипче: Отсега операциите за промена на полот ќе ги плаќа Фондот“, стана вирална на социјалната мрежа Фејсбук , со многу коментари и споделувања за само три дена.

Но, оваа вест освен што е бајата е и неточна.

Да, точно е дека министерот за здравство Венко Филипче го има ова изјавено. На регионалната конференција за правата на ЛГБТ заедницата, Филипче изјави дека промена на пол на товар на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) ќе се прави на скопските клиники. Меѓутоа, настанот се случи на 27 јуни 2019 година, една и пол години пред оваа Фејсбук објава.

Истата вечер, по силна реакција на јавноста, од Министерството за здравство се предомислија и ја повлекоа изјавата.

Следниот ден, и министерот Филипче ретерираше во ставот.

Би сакал да потенцирам не стануваше збор за кој знае колкав број на пациенти . Станува збор за еден човек кој што со години талка низ лавиринтите, барајќи помош од повеќе специјалности, затоа што тоа е комплексен проблем, затоа што тоа не е работа која може се реши преку ден. Но, ги почитуваме ставовите во јавноста, реакциите, ние сме демократи, ги прифаќаме, сметаме дека е легитимно да ретерираме и тоа беше причината.

Оваа вест беше точна и вистинита сè на сè само неколку часа во јуни 2019 година. А не сега, на почетокот на 2021 година, кога манипулирачки и тенденциозно се споделува исечок од текст. Овој текст се уште постои на медиумот од каде што е споделен исечокот. Но истиот медиум веќе следниот ден коректно ја објавил и промената на одлуката за јавноста да биде точно и навремено информирана.

Според коментарите на оваа објава, кои се над 400 на број, може да се заклучи дека читателите се изманипулирани и измамени затоа што поверувале во нејзината содржина, која веќе, значи во периодот на нејзиното објавување, не е вистинита. Односно, реалноста е поинаква од тоа што се тврди со објавената слика. Од нивните коментари се гледа дека огромен дле од нив не знаат оти ставот е сменет и сметаат дека е уште активен. Освен тоа, дел од овие многубројни коментари се полни со говор на омраза и навреди.

Неколку од коментарите дури и посочуваат дека веста е стара, а одлуката променета, но, сепак, овој  пост на Фејсбук не е корегиран и сè уште ја дезинформира јавноста..

Вака објавената слика на министерот за здравство заедно со насловот од стар текст од јуни  2019 година, без контекст и дополнително објаснување, оддава погрешен впечаток дека веста е нова, актуелна и вистинита. Иако, фактички, станува збор за стара изјава на Филипче, кој  уште наредниот ден соопшти дека  се повлекува од првично искажаниот став. На овој начин јавноста намерно се манипулира, доведува во заблуда и непотребно се вжештува атмосферата.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција