Бабичка хирург не оперира сè уште, бидејќи починала пред три години

Фото: Принтскрин ФБ пост

Информациите за оваа жена изнесени во постот се точни, но тие датираат од пред пет-шест години. Странски медиуми известувале за Ала Левушкина од Русија која оперирала речиси до својата 90-та година. Левушкина починала во 2020 година

Информациите за оваа жена изнесени во постот се точни, но тие датираат од пред пет-шест години. Странски медиуми известувале за Ала Левушкина од Русија која оперирала речиси до својата 90-та година. Левушкина починала во 2020 година

 

 

Пост на Фејсбук манипулира со јавноста споделувајќи нецелосни информации за жена, најстар хирург, која оперирала до својата 90-та година. Постот очигледно имал за цел да собере што е  можно повеќе кликови и интеракции, во што и успеал, бидејќи има над 750 лајкови и 17 споделувања.

89 годишна бабичка хирург. Сè уште прави операции и нема намера да се пензионира.

Таа е хирург во градската болница на Рјазањ, близу Москва и покрај тоа што има речиси скоро 90 години, таа се уште прави по четири операции дневно.

89-годишната Ала која живее во стан заедно со својот внук со посебни потреби и нејзините осум мачки, е хирург цели 67 години.

И покрај тоа што извела повеќе од 10.000 операции, таа нема намера да престане, се вели во објавата која ја анализираме.

Информациите за оваа жена изнесени во постот се точни, но тие датираат од пред пет-шест години. Странски медиуми известувале за Ала Левушкина од Русија која оперирала речиси до својата 90-та година.

Британски Мирор, на пример, пишувал за Левушкина уште во 2017 година, исто и Дејли мејл.

Постот што го анализираме, нагласува дека таа сè уште прави операции и нема намера да се пензионира. Ова не е точно, бидејќи Левушкина починала во 2020 година.

Ала Илиничка Левушкина беше најстариот хирург, а почина на 92-годишна возраст, на 24 јануари годинава. Таа починала додека сè уште била ангажирана во болницата Рјазан во близина на Москва. За неа во конференциската сала на болницата беше одржана проштална церемонија, а многу луѓе дојдоа да ѝ оддадат почит, стои во објава од 2020 година.

И на Википедија може да се најде информација дека таа била родена на 5 мај 1927 година, а починала на 23 јануари 2020 година.

Според тоа, Левушкина не може „сè уште да оперира“ како што се сугерира во постот.

Имајќи го прредвид сето ова, може да заклучиме дека на објавата ѝ недостига контекст.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција