Баербок нема изјавено дека „во Европа има 1,3 милијарди луѓе“

Аналена Баербок и Сергеј Лавров (Фото: Министерство за надворешни работи на Русија)

Точно е дека Руската Федерација е во ОБСЕ, но тоа повторно не ја прави изјавата на Баербок дека во ОБСЕ регионот има 1,3 милијарди луѓе неточна, туку фактички точна. Таа нема изјавено дека има 1,3 милијарди луѓе во Европа, туку дека има 1,3 милијарди луѓе во ОБСЕ регионот. 

Точно е дека Руската Федерација е во ОБСЕ, но тоа повторно не ја прави изјавата на Баербок дека во ОБСЕ регионот има 1,3 милијарди луѓе неточна, туку фактички точна. Таа нема изјавено дека има 1,3 милијарди луѓе во Европа, туку дека има 1,3 милијарди луѓе во ОБСЕ регионот

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

СРАМНО: Баербок се соочи со рускиот министер за надворешни работи Лавров и тој мораше да ја задржи смеата: „Можете да се залажувате, но не можете да не залажете нас, 1,3 милијарди луѓе во Европа“. > Германскиот министер за надворешни работи нема поим колку луѓе живеат во Европа! Тоа треба да биде квалификација за работата! Почитувана Ана-Лена: 1) ЕУ има население од околу 450 милиони жители 2) Европа има население од околу 740 милиони жители 3) 110 милиони живеат во европскиот дел на Русија Таа не може да престане да прави будала од себе.

 

Во склоп на објавата има и цитат од германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок каде на англиски јазик пишува дека таа изјавила:

Можете да се лажете себеси но не можете да не измамите нас, 1,3 милијарди луѓе во ОБСЕ регионот.

Во вториот дел од фотографијата пак, пишува дека „бројките за популацијата на Европа варираат зависно од дефиницијата за европските граници“ и „во 2018 година Европа имаше популација од над 751 милион луѓе од кои 448 милиони живееја во ЕУ а 110 милиони во европскиот дел на Русија“ (Русија е најнаселената земја во Европа).

Министерката за надворешни работи на Германија Аналена Баербок, на 5 декември 2024 година, на пленарната сесија на Министерскиот совет на ОБСЕ воопшто го нема кажано она што се тврди во објавата што ја рецензираме, односно му се нема обратено на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со зборовите „не можете да нè залажете нас 1,3 милијарди луѓе во Европа“. Кога ќе се погледне официјалниот транскрипт од нејзиниот говор на посочениот датум, станува јасно дека оваа изјава е погрешно пренесена во објавата што ја рецензираме. Целосниот нејзин говор може да се погледне на следниот линк.

Во делот од говорот каде што Баербок зборува со референца кон Лавров, таа вели:

И сакам да бидам кристално јасна, сега кога ја слушнавме оваа воена реторика, овие ужасни лаги повторно од рускиот министер за надворешни работи: Можете да се залажувате себеси, но не можете да го залажете целиот свет – не 1,3 милијарди луѓе во ОБСЕ регионот, коишто имаат едно заедничко нешто, тоа што сакаат нивните семејства да живеат во мир. Можете да се залажувате себеси, но не можете да нè залажете нас 1.3 милијарди луѓе од ОБСЕ регионот, ние видовме што се случи во Буча. Дека вие, вашата влада, Русија, испрати војници да колат цивили во Буча и во Ирпин. Оставајќи ги нивните мртви тела незакопани по улиците. И ја цитирам ужасната лага од рускиот министер за надворешни работи кој ги нарече тие жртви цитирам „телевизиски актери“.

Како што може да се види од овој извадок од говорот на Баербок, таа воопшто не го кажува она што е изнесено во објавата која ја рецензираме. Таа не вели дека има 1,3 милијарди луѓе во Европа како што невистинито се тврди во објавата, туку вели дека има 1,3 милијарди луѓе во ОБСЕ регионот.

ОБСЕ е Организација за безбедност и соработка на Европа, меѓународна институција – Форум за политички дијалог, чија цел е безбедносна стабилизација на регионот, со помош на демократски средства и демократско владеење. Како што е наведено на нивната официјална веб-страница, Организацијата ја сочинуваат 57 земји учеснички, кои опфаќаат три континенти – Северна Америка, Европа и Азија и повеќе од милијарда луѓе. Оваа бројка кореспондира со она кое што го изјави Баербок во својот говор, односно таа рече дека има 1,3 милијарди луѓе во ОБСЕ регионот.

Во ОБСЕ се наоѓаат 57 земји учеснички, од Европа, Централна Азија и Северна Америка. Тоа се Албанија, Андора, Ерменија, Австрија, Азербејџан, Белорусија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Канада, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Ватикан, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Казахстан, Киргистан, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Молдавија, Монако, Монголија, Црна Гора, Холандија, Северна Македонија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Руската федерација, Сан Марино, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Таџикистан, Турција, Туркменистан, Украина, Обединетото Кралство, САД, Узбекистан.

Точно е дека Руската Федерација е во ОБСЕ, но тоа повторно не ја прави изјавата на Баербок дека во ОБСЕ регионот има 1,3 милијарди луѓе неточна, туку фактички точна. Таа нема изјавено дека има 1,3 милијарди луѓе во Европа, туку дека има 1,3 милијарди луѓе во ОБСЕ регионот.

Делот од објавата во кој се прикажани факти за популацијата на Европа и бројката која варира зависно од дефиницијата на европските граници, е точен и преземен од Википедија.

Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција