Неисполнето: Не е изградена индустриската зона Мауцкер

Фото: СДСМ

 

На 9 февруари 2014 година, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески најави дека нацрт-планот за индустриската развојна зона за локалитетот Мауцкер е во завршна фаза, и дека за неколку месеци Општината ќе започне со реализација на долгонајавуваниот проект. Тогаш Бакрачески вети:

Наредните неколку месеци Општина Охрид со сопствени средства ќе отпочне со реализација на долгонајавуваниот проект

[Извор: Вечер Датум: 09.02.2014]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Наспроти ваквата најава локалитетот Мауцкер, кој е поранешно воено стрелиште и се наоѓа на самиот влез на градот, на магистралниот пат Охрид-Скопје, сè уште е празен и е претворен во депонија.

Земјиштето и објектите кај месноста Мауцкер, инаку, беа во сопственост на Министерството за одбрана. Но, на 9 февруари 2014 истото беше предадено на Општина Охрид, со цел да се изгради индустриска развојна зона во која ќе инвестираат странските и домашните инвеститори.

Охрид е општина со најголема невработеност и најнизок стандард во Македонија. Добивањето на овој простор ќе овозможи да се реализира дамнешната заложба за изградба на индустриска развојна зона“.(Бакрачески)

Сепак, изградбата на изндустриската развојна зона во Охрид не се случи. Во декември (2015) опозицијата реагираше дека индустриската зоната Мауцкер е уште една лага на Груевски:

Деновиве Груевски мафта со договори, дека на земјиштето на военото стрелиште што го предаваат на Општина Охрид, ќе никне индустриска зона. Зоната ќе привлече странски и домашни инвеститори и ќе отвори нови работни места. Местото на виртуелните странски и домашни инвеститори и работни места, зоната Мауцкер, денес, година и пол подоцна, е депонија.  (соопштение на СДСМ)

 

Според тоа може да се заклучи дека ветувањето на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески за развој на индустриската зона Мауцкер е неисполнето.

ЛИНКОВИ:

Оценето од: Силвана Жежова

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција