Беголи: Пандемиjaта направи новинарите во Косово да се под силен финансиски, физички и психолошки притисок

Гентиана Беголи, претседателка на Здружението на новинари на Косово, во интервју во рамките на низа интервјуа од земјите од регионот во врска со ефектот на пандемијата врз медиумите зборуваше за тешкотиите со кои се соочуваат новинарите на Косово. Во интервју за Portalb.mk, Беголи го потенцира негативното влијание на пандемијата врз финансискиот аспект на медиумите, што резултира во нивно затворање или раскинување на договорот за вработените во медиумите

 

Пишува Дрен Гргури

Како КOVID-19 го трансформира новинарството во Косово? 

Беголи: Улогата на новинарите во информирање на јавноста никогаш не била по критична бидејќи нивната мисија продолжува да биде една од најсуштинските во глобалната борба против пандемијата КOVID-19. Во целиот свет, како и на Косово, новинарите се под силен финансиски, физички и психолошки притисок за време на оваа пандемија. Овие елементи се предизвикани од ограничувањата во работењето, како и од штетите врз медиумскиот бизнис, што потоа влијаеше врз трансформацијата на новинарството во земјата.

И покрај зголемените мерки (изолација, ограничено движење), за сите граѓани, новинарите беа должни да продолжат да работат. Во зависност од позицијата во редакцијата, покрај известувањето за „Ковид-19“, тие известуваа и за политичките случувања во земјата; и двете се случија паралелно, така што бројот на новинари кои беа на должност беше поголем.

Предизвиците со кои се соочуваат нашите колеги новинари на терен не беа незначителни, со оглед на условите во кои мораа да работат. Практиките за подготовка на вести се променети затоа што, сепак, движењето на другите беше ограничено.
Некои институции работеа со скратено работно време, додека други се затворија на неодредено време, што им отежнуваше на новинарите да си ги извршуваат своите работи. Како резултат на оваа состојба, новинарите беа фокусираани на дигиталните технологии за собирање, обработка и објавување на информации.

Кои дигитални начини / методи ги користат новинарите за да комуницираат со нивните извори и дали мислите дека сега тие се поотворени за комуникација со користење на дигитални алатки во споредба со периодот пред пандемијата?

Беголи: За време на пандемијата, генерално се користеа социјалните мрежи, како што се VIBER, WHATSAPP, FACEBOOK, INSTAGRAM, TWITTER, додека за интервјуата беа користени и платформите SKYPE, ZOOM, JITSI MEET и GOOGLE MEET. Од појавата на првите случаи на инфекција КOVID-19, употребата на овие социјални мрежи од страна на новинарите стана секојдневна практика. Овие методи беа користат на терен (директна врска со студиото) или дури и со гости кои немаа можност да бидат физички присутни во студиото. Бидејќи немаше други попрактични опции за време на пандемијата, технологијата и овозможи на јавноста брз пристап до информации, додека колку и да беа корисни за новинарите, не им било секогаш лесно.

Институциите и натаму даваат само генерални податоци

Од ваша гледна точка, дали институциите и компаниите објавуваат повеќе податоци на Интернет од порано и дали забележавте разлика во квалитетот на податоците и информациите?

Беголи: Најавите објавени на социјалните мрежи во текот на овој период на пандемија се почести од порано, бидејќи ова е единствениот начин за информирање на граѓаните. Така, има многу платформи каде новинарите обезбедија податоци од институции. Сепак, пристапот до јавните документи е голем предизвик за новинарите, што создаде тековни проблеми за реализација на истражувањата и анализите. Кога се поставуваат прашања во врска со пристапот до службени документи, многу ретко е се добија одговори што беа барани, одговорите се многу генерализирани, а не за деталите што се заинтересирани новинарите.

Каков е вашиот впечаток – довербата на јавноста во известувањето на медиумите е зголемена, намалена или остана непроменета за време на пандемискиот период?

Беголи: Со оглед дека за време на пандемијата и изолацијата, медиумите беа единствениот извор на информации – без пристап до јавниот живот или можност за средба со други извори, интересот за читање, слушање и гледање на вестите беше поголем. Вербата може да се каже дека остана непроменета, бидејќи публиката цело време се соочува со нови информации, но и со информации што се менуваат од една во друга. Со оглед на фактот дека сите се соочија со вакво нешто за прв пат, не само медиумите во Косово, информативните практики и изборот на информации беа новини и за новинарите. Новинарите генерално се осврнаа на релевантни актери во случајот, како што се Министерството за здравство, Националниот институт за јавно здравје, Светската здравствена организација и други.

Новинарите се видливо загрозени поради пандиемијата

Како влијаеше КOVID-19 врз одржливоста на медиумите и безбедноста на работата на новинарите во Косово?

Беголи: За време на пандемијата во Косово, печатените весници на Косово беа блокирани (16 март 2020 година); Епока е Ре, Коха Диторе, Зери и Бота Сот. Дневните весници поминаа во онлајн верзија, но тоа влијаеше врз нивниот буџет поради ефтиното рекламирање. Поради оваа, весникот ЗЕРИ беше затворен, па во тој случај беа отпуштени околу 22 работници, вклучително и две бремени жени.
Исто така, бидејќи пандемијата влијаеше врз економската состојба на медиумите, има случаи кога новинарите делумно се плаќаа преку медиумот, а платата беше комбинирана со приходите од Владиниот пакет за итни случаи; новинарите, иако работеле (дури и надвор од нивните работни часови), биле платени само од пакетот, или има дури и случаи кога медиумите биле принудени да ги отпуштаат новинарите, без разлика дали се работи за неплатено отсуство или дури и раскинување на договорот. Ковид-19 влијаеше на сите јавни сфери, но проценуваме дека има поголемо влијание врз новинарите, со оглед на фактот дека новинарите влегуваат во првите 5 најзагрозени професии за времето на пандемија.

Кои аспекти од работата и животот на новинарите се најмногу погодени во текот на пандемискиот период?

Беголи: Професионалниот и личниот живот на новинарите се смени и е директно засегнат од пандемијата. Финансискиот притисок (економија на медиуми), директна изложеност на ризик, нефлексибилни распореди, недостаток на основни услови (заштитна опрема), како и товарот на професионално и етичко известување за пандемијата и политичките случувања се некои од придружните предизвици за новинарите. Има такви новинари кои биле присилени да земаат неплатен одмор во отсуство на плаќање од страна на медиумот. Од друга страна, сите дежурни новинари работеа под притисок да ги заразат членовите на нивното семејство ако се заразат за време на конференции и теренски извештаи.

Кои методи во борбата против дезинформациите се практикуваат во косовските медиуми?

Беголи: Со оглед на фактот дека мисијата на АНК, меѓу другото, е и промовирање на квалитетно новинарство, објавивме две упатства за медиумско покривање на пандемијата и други упатства во врска со известувањето за чувствителни теми, како што е самоубиството. Преку нашите јавни изјави, ги повикавме новинарите и медиумите да ги почитуваат етичките правила во својата работа и да не придонесуваат за ширење на лажни вести и јавна паника. Исто така, осудивме и непрофесионални известувања за ова време.

Но, покрај тоа „Ковид-19“, како феномен е нов за медиумите, така што имаше случаи на дезинформација, но релевантните институции покрај користењето на класичните медиуми, користеле и нови медиуми (социјални мрежи), за точно да информираат за тоа што се случува. Истото го сторија и експерти за пулмологија, специјалисти за инфективни болести и други, што им помогна на медиумите во повеќето случаи да известат правилно. Исто така, АНК во соработка со UN WOMAN спроведе 2 обуки преку Интернет со новинари на локално и централно ниво, со тема „Ризиците од дезинформациите време на пандемија“.

Дали интензитетот на дезинформацијата е ист, како и пред почетокот на пандемијата и што мислите за видот на дезинформацијате споделени во овој период?

Беголи: Бидејќи ова е прво искуство со известување од ваквов профил, не можеме да кажеме дека интензитетот на невистини е ист. Новинарите се „бомбардирани“ со многу информации, а во исто време и незнаењето околу „Ковид-19“ (не само од новинарите), како и големата побарувачка за повеќе информации од јавноста, доведе до објавување на дезинформации. Ова не може да се каже дека е направено намерно или со било која агенда, освен дека се работи за тоа кој прв ќе ја објави веста. Овие се информации што обично се добиваат од други светски медиуми и како такви се користат за нашата публика. Бидејќи изворите на информации се „класифицираа“ со текот на времето, интензитетот на дезинформација се намали.

Новинарите беа соочени со напади и опструкции 

Какви закани брз слободата на медиумите се појавија за време на пандемијата?

Беголи: За време на пандемијата (т.е. овој почеток на годината) во однос на првиот период од минатата година, забележано е зголемување на опструкции во работата на новинарите. Во Здружението на новинари на Косово реагиравме за 13 случаи, додека случаите кои се директно поврзани со известување и за пандемии се вкупно 3 случаи. Вербалните напади и опструкциите во вршењето на должноста се само две од опструкциите со кои се соочуваа новинарите, кои покрај притисокот од одредени лица (физички или правни лица), се соочиле и со притисокот на пандемија.
За жал, иако нашите колеги од целиот свет се занимаваа исклучиво со пандемијата, нашите колеги во Косово од почетокот на пандемијата се соочија и со политички развој во земјата, поточно соборувањето на владата и создавање на нова влада. Заради овој факт можеме да заклучиме дека зголемувањето на нападите од секаков вид врз новинари е зголемено. Како резултат, работното време е продолжено и работата е извршена во исклучителни услови.

Дали има случаи на напади / навреди / закани против новинари од појавувањето на КОВИД-19, ако е така, во кои случаи? Сметате ли дека за време на пандемиската криза има зголемување на напади / навреди / закани во однос на минатата година?

Беголи: Има неколку случаи на пречки при вршење на должности во време на пандемијата и при известувањето за пандемија, тоа се новинарите Илка Ахметѓекај (ПЕРИСКОПИ), Татјана Лазаревиќ (КОССЕВ),  и тим на весникот БЛИЦ. Притискот врз новинарите освен тоа што известувале за пандемија и во полициски часови и разни распореди, се зголеми за време на известувањето за политичките настани во земјата за време на пандемијата. Бројот на напади е зголемен во овој период од годината, за разлика од истиот период лани.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција