„Беса Транс“ немала извод од лиценца за опожарениот автобус

Фото: скриншот од објавата

Оваа лиценца која ја објави МК Денес, не му припаѓа на автобусот со регистерски ознаки СК 0284 БА, кој заврши кобно во сообраќајката на автопатот во Бугарија. Таа лиценца му припаѓа на друг автобус, а фирмата „Беса Транс“, лажно ја приложувала лиценцата од друг автобус во нејзина сопственост, за автобусот за кој немале лиценца

Оваа лиценца која ја објави МК Денес, не му припаѓа на автобусот со регистерски ознаки СК 0284 БА, кој заврши кобно во сообраќајката на автопатот во Бугарија. Таа лиценца му припаѓа на друг автобус, а фирмата „Беса Транс“, лажно ја приложувала лиценцата од друг автобус во нејзина сопственост, за автобусот за кој немале лиценца

 

Рецензираме пост на Фејсбук, во кој е споделена информација од порталот МК Денес, според која автобусот на компанијата „Беса Транс“, во кој животот го загубија 45 граѓани во стравична несреќа, поседувал лиценца и ја приложувал на излез од земјава во Царинската управа на Република Северна Македонија.

Од изводот од електронскиот систем во Царинската Управа на Македонија јасно и недвосмислено се гледа дека автобусот на смртта со регистерски таблици SK0284BA редовно ја напуштал земјава и тоа најмалку 57 пати, најчесто на релација Скопје – Истанбул и Скопје – Драч и поседувал ЛИЦЕНЦА бр. 22679 / 007017, пишува во написот.

Насловот на написот е ,,Ексклузивен документ, Бочварски излажа за лиценцата на автобусот“. Меѓутоа, министерот Бочварски, не излажал, туку фирмата „Беса Транс“, за да ја премине царинската контрола, над 122 пати приложувала лажни документи, кои не соодветствувале на автобусот, односно припаѓале на друго моторно возило.

Претходно, министерот за транспорт, Благој Бочварски, рече дека автобусот на „Беса Транс“, немал извод од лиценца за возилото кое што заврши кобно. Во текстот на МК Денес пак, прикажан е документ, лиценца, од што би можело да настапи сомнеж дека извод од лиценца сепак имало.

Меѓутоа, вистината е дека оваа лиценца која ја објави МК Денес, не му припаѓа на автобусот со регистерски ознаки СК 0284 БА, кој заврши кобно во сообраќајката на автопатот во Бугарија. Таа лиценца му припаѓа на друг автобус, а фирмата „Беса Транс“ лажно ја приложувала лиценцата од друг автобус во нејзина сопственост, за автобусот за кој немале лиценца.

Изводот од лиценца со број 22679, кој се јавува во електронскиот систем на Царинска управа, а кој бил користен од опожарениот автобус при излез од земјата, е број на извод од лиценца од друго возило, со други регистерски таблички, истото во сопственост на превозникот „Беса Транс“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на прес конференција на 26 ноември 2021 година (од 20 минута до 20 минута и 26 секунда на следниот линк).

Потоа, во 19 минута и 36 секунда од видеото Бочварски вели:

Превозникот ниту го пријавил, ниту побарал од Министерството за транспорт и врски извод од лиценца за конкретниот опожарен автобус и поради тоа истиот не е евидентиран во единствената база на податоци.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека истиот автобус, во 2020 година 22 пати излегол од Република Северна Македонија, а во 2021 година, 113 пати ја преминал државната граница. И двајцата возачи задолжени за патувањето од Истанбул до Скопје не биле вработени во фирмата, туку само возеле на релацијата по потреба. Едниот од нив возел со истечена дозвола за возење во меѓународен транспорт и компетенција.

Поради тоа што документот, односно изводот од лиценца за возило, која ја објави МК Денес не е валидна и му припаѓа на друг автобус, а била приложувана измамнички со цел да се премине границата, оценуваме дека не е вистина дека фирмата „Беса Транс“ имала извод од лиценца за опожарениот автобус со регистерски ознаки СК 0284 БА. Овој автобус воопшто не бил пријавен во базата на Министерството за транспорт и врски и оттаму во меѓународниот сообраќај сообраќал без извод од лиценца за возило.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција