Беше ли Бил Гејтс обвинет во Холандија за лаги во врска со ковид вакцините?

Фото: Принтскрин видео Јутјуб

Беше ли Бил Гејтс обвинет во Холандија за мамење на јавноста во врска со вакцините против ковид-19?! Погледнете ги тврдењата кои се шират на интернет и дознајте ги фактите!

Беше ли Бил Гејтс обвинет во Холандија за мамење на јавноста во врска со вакцините против ковид-19?! Погледнете ги тврдењата кои се шират на интернет и дознајте ги фактите!

 

Реобјавено од: TECHARP

 

Тврдење: Бил Гејтс беше обвинет за лаги во врска со безбедноста на вакцините против ковид-19!

 

Луѓе споделуваат написи и видеа кои тврдат или сугерираат дека Бил Гејтс бил обвинет во Холандија за лажење на јавноста во врска со вакцините против ковид-19!

MJTruthUltra: Роберт Ф. Кенеди Јуниор: БИЛ ГЕЈТС ОБВИНЕТ во Холандија и ќе мора да оди на судење за лажење во врска со вакцините против ковид

Russell Brand: Бил Гејтс е ОБВИНЕТ во Холандија! Можно ли е да трпи последици?

Shadow of Ezra: Роберт Ф. Кенеди Јуниор тврди пред својата публика дека Бил Гејтс инкасирал 50 милиони долари мрачни пари во кампањата на Камала Харис во избезумен обид да избегне апсење под потенцијалната администрација на Трамп.

Тој исто така, открива дека Гејтс е обвинет во Холандија за наводно мамење на јавноста во врска со вакцините против ковид-19 и наскоро ќе се соочи со судење.

TheStormHasArrived: Роберт Ф. Кенеди Јуниор само што имплицираше дека Бил Гејтс донирал 50 милиони долари за кампањата на Камала затоа што знаел дека ќе биде обвинет ако Трамп победи. 👀

„Тој е обвинет во Холандија за лажење на јавноста во врска со вакцините против ковид-19 и ќе мора да оди на судење. Мислите дека сака да оди на суд тука во Соединетите Американски Држави“?

Мислите дека можеби тоа е една од причините поради кои тој избра да ѝ даде 50 милиони долари на Камала Харис?

Ова е одличен пример за причината зад лагите, очајот и паниката од длабоката држава, на што ние сме сведоци. Овие луѓе се борат за живот.

Вистина: Бил Гејтс не беше обвинет за лаги за безбедноста на вакцините против ковид-19!

Се чини дека ова е уште еден пример за лажни вести создадени/промовирани од поборниците за анти-вакцинација и еве ги причините поради кои…

Бил Гејтс не беше обвинет во Холандија

Дозволете да започнам со тоа дека Бил Гејтс не беше обвинет во Холандија за никакво кривично дело, а камоли обвинет за лаги во врска со вакцината против ковид-19!

Ако тоа навистина се случило, тогаш угледните медиуми низ светот нашироко ќе известуваа, а ќе предизвикаше и бес на социјалните мрежи. Меѓутоа, ништо од тоа не се случи. Не затоа што имаше налог за потиснување на доминантните медиуми или затоа што доминантните медиуми го прикриваат тоа. Тоа е едноставно затоа што Бил Гејтс не беше обвинет во Холандија за кривично дело!

Не е ни чудо што ниеден од оние што ги изнесуваа овие тврдења, всушност не обезбеди докази дека Бил Гејтс бил обвинет за некакво кривично дело во Холандија.

Тоа беше граѓанска тужба

Не е можно Бил Гејтс да биде обвинет во Холандија, бидејќи тој никогаш не бил формално обвинет од холандското јавно обвинителство за вршење на некакво кривично дело. Само Јавното обвинителство може да истражува и гони кривични дела во Холандија.

Бил Гејтс само беше именуван во граѓанска тужба од страна на седум холандски граѓани, заедно со 14 други обвинети, меѓу кои и поранешниот холандски премиер (и сегашен генерален секретар на НАТО), Марк Руте, генералниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, како и самата холандска влада.

Да биде јасно — Бил Гејтс не е обвинет за кривично дело од страна на Јавното обвинителство и не е обвинет во Холандија.

 

De Telegraaf не кажа дека Бил Гејтс бил обвинет во Холандија

Некои се повикаа на веста од 16 октомври 2024 г. од De Telegraaf, како „доказ“ дека Бил Гејтс е обвинет во Холандија за кривично дело. Тоа не е точно.

Вистината е следна — De Telegraaf само објави дека холандскиот суд пресудил дека има „надлежност“ над Бил Гејтс во таа граѓанска тужба. Никогаш не кажа дека Гејтс е обвинет за какво било кривично дело.

ЛЕУВАРДЕНПродолжува судскиот процес против бизнисменот и филантроп Бил Гејтс.Тој е обвинет за „штетата од  вакцините“ предизвикана од вакцини против коронавирусот од страна на холандска група на скептици за коронавирусот. Гејтс се спротистави затоа што, според неговото мислење, судиите не беа компетентни (немаа надлежност), но судот во Леуварден во средата пресуди дека сепак има надлежност.

Група на скептици ги одведе на суд поранешниот премиер Марк Руте, поранешниот министер Уго де Јонг и неколку членови на Тимот за управување со епидемија, кој ја советуваше владата. Од причина што фондацијата на Бил Гејтс беше вклучена во борбата против пандемијата на коронавирус, тој исто така е повикан. Според судиите, барањата против сите лица се меѓусебно поврзани и затоа е „ефикасно“ заеднички да се проценат истите барања.

Никаде во De Telegraaf не беше објавено дека Бил Гејтс бил обвинет од Јавното обвинителство за некое кривично дело. Зошто тогаш некои луѓе тврдат дека Бил Гејтс бил обвинет во Холандија? Каде се доказите?

Холандскиот суд се произнесе само за надлежноста

Додека некои луѓе ја прогласуваат пресудата како некаква победа на движењето против вакцините, тоа едноставно не е така. Холандскиот суд не ни расправаше за главниот случај. Тој пресуди само за прашањето за „надлежност“, како што беше објаснето во судскиот наод од 16 октомври 2024 година (PDF).

4.1.

  • Гејтс тврди дека судот, со пресуда, привремено може да одлучи:
  1. да се прогласи за ненадлежен да ги сослуша тврдењата на горенаведените. во однос на Гејтс;

[…]

4.2. Гејтс – накратко и фактички тврдењето го заснова на следното. Според главното правило на општото и меѓународно право за надлежност, надлежен да го разгледува спорот е судот во местото на живеење на тужената страна. Бидејќи Гејтс не живее во Холандија, судот не може да изведе надлежност од ова главно правило

[…]

5.l. Спорот во овој инцидент се врти околу прашањето дали овој суд има надлежност да ги разгледува барањата покренати од [уредено] горенаведените. против Гејтс во главната постапка. Гејтс живее во САД.

[…]

5.6. Член 7 став (1) од Кодексот за граѓанска постапка предвидува дека ако холандскиот суд е надлежен над еден од обвинетите, тој има надлежност и над другите обвинети вклучени во истата постапка, под услов да постои таква поврзаност помеѓу барањата против различните обвинети дека причините на целисходноста ја оправдуваат заедничката постапка. 

[…]

5.13. Врз основа на горенаведеното, овој суд има меѓународна надлежност да ги разгледува барањата против Гејтс врз основа на член 7 став (1) против Холандија

Да биде јасно – холандксиот суд не одлучи дали Бил Гејтс и другите обвинети биле во право или не биле во право во граѓанската тужба.

Само пресуди дека има надлежност над Бил Гејтс, иако тој не живее во Холандија, бидејќи според холандското право „Ако холандскиот суд има надлежност над еден од обвинетите, тој има надлежност и над другите обвинети“, ако барањата се слични или доволно поврзани за да се „оправда заедничка постапка“.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција