Бесплатен „пензионерски воз“ еднаш месечно

Бесплатниот викенд со воз за пензионерите стартуваше во јули 2014 година Фото: Принтскрин

ПРОЕКТ: БЕСПЛАТЕН ВИКЕНД ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА ЗА ПРЕВОЗ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го подобрува стандардот и условите за живот на старите лица во Република Македонија. Ќе воведеме бесплатен викенд (петок, сабота и недела) еднаш во месецот за превоз на старите лица во железничкиот сообраќај во Република Македонија. Сите стари лица мажи над 64 години и жени над 62 години ќе имаат право на бесплатен превоз во определен викенд во месецот. (Рок: 2015 година)

  

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во јули 2014 година стартуваше мерката на Владата за бесплатен превоз на пензионерите во железничкиот сообраќај.  Ова е исполнето ветување на ВМРО-ДПМНЕ дадено во изборната програма  „Проверено“ (2014-2018) во делот „Земја на еднакви можности за сите“ (Достоинствен живот за пензионерите стр.200).

На 30 јуни 2014 година медиумите информираа  дека бесплатниот железнички превоз ќе стартува вториот викенд од месец јули, а пензионерите ќе можат да ја искористат мерката еднаш во текот на месецот. Во врска со овој владин проект Миле Јанакиески  (во тоа време министер за транспорт и врски) рече:

Секој втор календарски викенд пензионерите, лицата постари од 62 односно 64 години ќе имаат бесплатен превоз во железничкиот сообраќај. Оваа мерка е дел од владината програма и ја донесовме на една од првите седници на владата на РМ.

Секое лице кое има 62 или 64 години во зависност од полот, ќе треба до билетарите да достави лична карта и со прикажувањето на личната карта ќе добие билет кој е бесплатен. Со билетот пензионерите ќе бидат осигурани во патничкиот сообраќај во РМ. (Јанакиески)

На  шсти август 2014 година беше пренесена информацијата дека во јули 2014 година  1.000 возрасни лица (жени над 62 години и за мажи над 64 години) ја искористиле можноста бесплатно да се возат со воз во земјата, како и тоа дека најмногу возрасни лица, над 50 проценти патувале од Скопје, потоа селдуваат Велес, Прилеп и Битола.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција