Без докази и со видео креирано со ВИ се тврди дека украински војници масовно се предавале

Тврдењата за масовни предавања на украински војници се пласираат од страна на руски извори или преку медиуми, без независна проверка или јасни фотографии/видео. Не постои јавно објавен податок која укажува дека „неколку стотици” или „голем баталјон” украински војници се предале

Тврдењата за масовни предавања на украински војници се пласираат од страна на руски извори или преку медиуми, без независна проверка или јасни фотографии/видео. Не постои јавно објавен податок која укажува дека „неколку стотици” или „голем баталјон” украински војници се предале

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Украинската армија почнува масовно да се предава.

Објавата споделува и видео на кое наводно се прикажани украински војници како се предаваат, а некои од нив и плачат.

За видеото веднаш може да се каже дека е креирано со помош на вештачка интелигенција, бидејќи на него се гледа потписот, односно печатот на Сора, алатка за креирање видеа со вештачка интелигенција.

Видеото е преземено од профил на Тик-ток на кој се споделуваат повеќе видеа од наводно украински војници, кои, исто така, се креирани со помош на Сора.

Оттука станува јасно дека видеото не е реално и тоа не е никаков доказ за некакво масовно предавање на украински војници.

Ваквото тврдење не е поткрепено со ниту еден друг доказ или пак извештај во некој релевантен светски медиум.

Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека руските сили опколиле украински војници во градовите Покровск и Купијанс, и дека бараат договор за нивно предавање.

Руското министерство за одбрана тврди дека „опколени“ украински единици не сакале да се предадат.

Украинските официјални лица го негираат опколувањето во Купијанск и велат дека ситуацијата е тешка но под контрола.

Неколку аналитички извештаи велат дека некои руски единици се предаваат или бегаат поради лоша организираност — но тоа се однесува на руските, а не на украинските сили.

Тврдењата за масовни предавања на украински војници се пласираат од страна на руски извори или преку медиуми, без независна проверка или јасни фотографии/видео. Не постои јавно објавен податок која укажува дека „неколку стотици” или „голем баталјон” украински војници се предале.

Украинските власти не објавиле дека се случило такво масовно предавање.

Изворите што имаат слична тематика (масовно предавање војници) сè повеќе од руска страна, или се однесуваат на руски порази/предавања.

Поради сето ова можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистина.

 



 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција