Без паника, астероидот 1998 OР2 нема да ја уништи планетата

Acтepoидот 52768 или попознат како астероидот 1998 OР2 веќе помина покрај Земјата и тоа уште во април минатата година, на оддалеченост од 6,3 милиони километри. Според проценките на НАСА, овој астероид повторно ќе помине близу Земјата во 2079 година, но оттаму со сигурност тврдат дека астероидот нема шанси да удри во Земјата, барем не во следните 200 години

 

Acтepoидот 52768 или попознат како астероидот 1998 OР2 веќе помина покрај Земјата и тоа уште во април минатата година, на оддалеченост од 6,3 милиони километри. Според проценките на НАСА, овој астероид повторно ќе помине близу Земјата во 2079 година, но оттаму со сигурност тврдат дека астероидот нема шанси да удри во Земјата, барем не во следните 200 години

 

Пост на Фејсбук шири паника во јавноста дека НАСА следи астероид кој е доволно голем да ја уништи цела планета. Но, она што недостига во овој пост е поконкретно објаснување за каков астероид станува збор и колкави се реално шансите тој да удри во нашата планета. Очигледно е дека оваа објава привлекла големо внимание кај читателите и во моментот кога е пишувана нашата рецензија има околу 140 интеракции (62 реакции, 60 коментари и 18 споделувања).

Постот всушност пренесува напис за астероидот 52768, кој не нуди доволно информации за него, и со тоа создава погрешна слика кај јавноста.

Во април 2020, најголемото забележано тело беше Acтepoидот 52768- и беше класифициран како oпacен. Тој е со големина од 1.8км до 4.1км во дијаметар и е пет пати поголем од Бурџ Халифа- највисоката зграда во светот. Иако овој камен е прилично далеку од нашата планета, тој ќе биде под постојан надзор од страна на НАС, се вели во написот.

Она што написот не го објаснува е дека овој астероид веќе помина покрај Земјата и тоа уште во април минатата година, на оддалеченост од 6,3 милиони километри.

Acтepoидот 52768 или попознат како астероидот 1998 OР2, како што пишува „ Википедија“, бил откриен на 24 јули 1998 година, од страна на астрономите на програмата за следење на астероидите во близина на Земјата (НЕАТ) на опсерваторијата Халеакала, Хаваи. Астероидот има добро утврдена орбита и таа е само потенцијално опасна во временска скала од илјадници години.

Американската опсерваторија „Лоуел“ (независна, непрофитна истражувачка институција основана во 1894 година од бостонскиот математичар Персивал Лоуел), на 28.04.2020 година објави дека астероидот нема да ја удри Земјата.

Астероидот 1998 ОР2 се нарекува „потенцијално опасен“ едноставно поради неговата големина, за кој НАСА проценува дека е широк некаде од 1,8 до 4,1 километар. Ако астероид од оваа големина удри во Земјата, тоа ќе направи значителна штета. Сепак, ОР2 од 1998 година ќе не помине за околу 15-16 лунарни растојанија – едно лунарно растојание е 400.000 километри. Да го ставиме ова во контекст, околу 25 помали вселенски објекти ќе поминат покрај нас на поблиско растојание од тоа во следните 48 часа. Некои дури ќе се приближат колку што е едно месечно растојание, објави опсерваторијата „Лоуел“.

Всушност и самиот напис што го рецензираме нагласува дека „иако овој камен е прилично далеку од нашата планета, тој ќе биде под постојан надзор од страна на НАСА“.

Според проценките на НАСА, овој астероид повторно ќе помине близу Земјата во 2079 година, но оттаму со сигурност тврдат дека астероидот нема шанси да удри во Земјата, барем не во следните 200 години.

Астероидот 1998 ОР2 беше откриен од програмата за следење на астероидите во близина на Земјата во лабораторијата за реактивен погон на НАСА во јули 1998 година, а последните две децении астрономите го следеа. Како резултат на тоа, ние ја разбираме неговата орбитална траекторија многу прецизно и можеме со сигурност да кажеме дека овој астероид не создава можност за удар барем во следните 200 години. Неговиот следен близок пристап до Земјата ќе се случи во 2079 година, кога ќе помине поблиску, соопштија од НАСА.

Значи не постојат шанси овој астероид во блиска иднина да ја погоди и уништи Земјата и според тоа може да се каже дека на постот му фали содржина, односно дообјаснување за каков астероид станува збор.

Ваквите написи пренесени на овој начин можат само да шират паника во јавноста. На веста ѝ недостига контекст (missing context). Односно и недостигаат уште редица информации за да се објасни целата слика. Воопшто не е објаснето дека астероидот е веќе поминат покрај Земјата и дека планетата е засега безбедна од него. Тоа никаде не е спомнато. Токму затоа во најголемиот број коментари под веста, без оглед какви и да се, провејува разбирање како астероидот небаре допрва да треба да помине покрај или да удри во Земјата, а тоа не е вистина („Barem ako udri direktno vo vladata“, „Odam da gledam vo zivo“, „Чекај, нека се вакцинираме па после нека рока..“, „Sve neka utepa nieden dane ostane“).

Настрана што веста е и конрадикторна и збнувачка. На едно место се вели дека астероидот е класифициран како „опасен“, а на друго дека е „овој камен е прилично далеку од нашата планета“. Но никаде не е наведено дека е веќе поминат покрај Земјата. Со тоа, оваа вест шири паника во јавноста и тоа сосема без потреба.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција