Бил Гејтс повторно мета на медиумите што шират дезинформации на Балканот

DAVOS/SWITZERLAND, 26JAN07 - William H. Gates III, Chairman, Microsoft Corporation, USA, captured during the session 'Scaling Innovation in Foreign Aid' at the Annual Meeting 2007 of the World Economic Forum in Davos, Switzerland, January 26, 2007. Copyright by World Economic Forum swiss-image.ch/Photo by Severin Nowacki +++No resale, no archive+++

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до Грција на југ.

Црногорскиот портал за борба против дезинформациите raskrinkavanje.me анализира теорија на завера, фаќајќи се за видео материјал што тврди дека Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт, е виновен за ширење на корона вирусот.

Текстови со таква содржина се појавиле на некои портали од српско-хрватското јазично подрачје. Во нив имало тврдење дека целта на новиот вирус било намалување на бројот на жители на Земјината топка.Тие се темелеле на документарец на руски јазик којшто е со постар датум, односно е објавен на Јутјуб во септември 2014 година со превод на српски, односно е преземен материјал емитуван на српската телевизија Палма.

Во документарецот се тврди дека зад заверата стои Дејвид Рокфелер, заедно со Руперт Мардок, Томас Глосен, Мортон Цукерман, Џери Спејер и други.

Во филмот има и сведоштва од некои што тврдат дека Рокфелер им ја објаснил целта, а во неа наводно се подразбира и вградување чип во луѓето преку кој тие би биле следени.

Raskrinkavanje.me потсетува дека Дејвид Рокфелер умрел пред три години, а и дека бројните тврдења, кои се поврзуваат со новиот корона вирус, се веќе одговорени. Притоа, станува збор за теории на заговор, односно без сериозен доказ се изнесува теза за некаков глобален план, со застрашувачки последици. Тврдењата за вакцините се одамна оспорени, пишува raskrinkavanje.ba.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција