Бил Гејтс не планира никаков геноцид, ниту пак, сака го затемни Сонцето
Станува збор за проект што не е на Бил Гејтс туку го спроведуваше универзитетот Харвард, односно програмата за истражување на соларно геоинженерство. Единствената поврзаност на Гејтс со овој проект е што тој е еден од финансиерите на проектот, но не учествува во истражувањата коишто ги спроведува Харвард. Проектот (SCoPEx), не работи на блокирање или затемнување на Сонцето, туку се обидува да ги разбере потенцијалните ризици од геоинженерството. Исто така, Фондацијата Гејтс обезбедува финансирање и поддршка за борба против маларијата, но таа не финансирала никакви активности што вклучуваат пуштање модифицирани комарци во САД
Станува збор за проект што не е на Бил Гејтс туку го спроведуваше универзитетот Харвард, односно програмата за истражување на соларно геоинженерство. Единствената поврзаност на Гејтс со овој проект е што тој е еден од финансиерите на проектот, но не учествува во истражувањата коишто ги спроведува Харвард. Проектот (SCoPEx), не работи на блокирање или затемнување на Сонцето, туку се обидува да ги разбере потенцијалните ризици од геоинженерството. Исто така, Фондацијата Гејтс обезбедува финансирање и поддршка за борба против маларијата, но таа не финансирала никакви активности што вклучуваат пуштање модифицирани комарци во САД
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
Геноцидниот психопат Бил Гејтс сака да го затемни сонцето, да спроведе глобален надзор, да стави сертификати за вакцинација под кожа и да користи генетски модифицирани комарци.
Британската влада ќе даде зелено светло во наредните недели за експерименти за „затемнување на сончевата светлина и борба против глобалното затоплување“.
Богатството на сопственикот на Мајкрософт, Бил Гејтс му овозможува да инвестира во различни проекти низ целата планета. Дел од овие проекти јавноста, а особено онаа на социјалните мрежи, ги оценува како контроверзни и ова го прави Гејтс честа мета на теории на заговор. Кога ќе се спомнат Бил Гејтс и вакцини и кога тоа ќе се склопи во објава која потоа се шири на социјалните мрежи, се добива плодна почва за креирање теории на заговор и дополнителни контроверзии околу името на овој милијардер.
Една од тие теории на заговор е дека милијардерот сака да го затемни Сонцето. За оваа теорија на заговор Вистиномер има пишувано уште во 2021 година. Станува збор за проект што не е на Бил Гејтс туку го спроведуваше универзитетот Харвард, односно програмата за истражување на соларно геоинженерство. Единствената поврзаност на Гејтс со овој проект е што тој е еден од финансиерите на проектот, но не учествува во истражувањата коишто ги спроведува Харвард.
Проектот (SCoPEx), не работи на блокирање или затемнување на Сонцето. Наместо тоа, проектот се обидува да ги разбере потенцијалните ризици од геоинженерството.
Технологијата која се истражува треба потенцијално да ја рефлектира сончевата светлина надвор од атмосферата и површината на Земјата, предизвикувајќи глобален ефект на ладење. Ова е целосно спротивно од она што го тврди објавата дека со овој проект се постигнало загревање односно „пржење“, тврдење коешто освен што е неточно е и нелогично.
Експериментот, лансиран од научници од универзитетот Харвард, има за цел да го испита решението со прскање на прашина од нетоксичен калциум карбонат (CaCO3) во атмосферата – аеросол што може да ги надомести ефектите на глобалното затоплување.
Другата теорија на заговор што се поврзува со Бил Гејтс, а е спомната и во објавата што ја анализираме, е онаа дека тој ќе користи генетски модифицирани комарци за да врши геноцид врз луѓето.
Комарците убиваат околу 830.000 луѓе годишно низ светот. Тоа ги прави посмртоносни од кое било друго животно на Земјата. Според Светската здравствена организација, со маларија, која се шири преку каснување од женски комарци, се заразуваат повеќе од 200 милиони луѓе годишно, а убива скоро 500.000, од кои повеќето се деца. Затоа, Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс со години вложува ресурси во борбата против болеста, вклучително и грант од 150 милиони долари во 2014 година за развој на вакцини.
Иако Фондацијата Гејтс обезбедува финансирање и поддршка за борба против маларијата, таа не финансирала никакви активности што вклучуваат пуштање модифицирани комарци во САД.
Фондацијата навистина ја поддржала биотехнолошката компанија „Окситек“, која пушта модифицирани комарци во Флорида како дел од иницијативата за контрола на болеста, но портпаролот на компанијата изјави дека нејзината работа во САД не е финансирана од Фондацијата Гејтс.
Генетските модифицирани машки комарци, креирани од „Окситек,“ се пуштени во природата за да се парат со женките (кои касаат и пренесуваат болести) и ќе им пренесат на своите потомци „самоограничувачки“ ген наменет да ги убие идните генерации женски комарци пред да станат полнолетни.
Овој проект има за цел и намалување на употребата на пестициди кои се користат за истребување на комарците, а може да се штетни за останатиот жив свет.
Дека проектот не е штетен, ниту претставува каква било опасност за човештвото, говори фактот што тој е одобрен од Агенцијата за заштита на животната средина на САД, Одделот за земјоделство и потрошувачи на Флорида, како и од Центарот за контрола на болести на САД.
Името на Бил Гејтс често се поврзува и со вакцините , а теоретичарите на заговор, како што е случајот со објавата што ја рецензираме, шират невистини дека милијардерот сака да спроведе некаков глобален надзор и геноцид. Вистиномер и за ова има пишувано во една поопширна анализа.
Од сето погоре, можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар