Бил Гејтс зборува за емисија на јаглерод диоксид, а не за ковид вакцини
Во постот наменски е прикажано манипулативно видео извадено од контекст. Темата на којашто говори Бил Гејтс во 2010 година во „Тед Разговорите“ воопшто не е поврзана ниту со ковид, ниту со депопулација на населението преку вакцинација. Говорот на Гејтс е фокусиран на потребата да се елиминира емисијата на јаглерод диоксид со нови пристапи на енергетска продукција за да се избориме со климатските промени. Впрочем и самото видео коешто е претставено во постот датира десет години пред појавата на пандемијата на коронавирусот и вакцините
Во постот наменски е прикажано манипулативно видео извадено од контекст. Темата на којашто говори Бил Гејтс во 2010 година во „Тед Разговорите“ воопшто не е поврзана ниту со ковид, ниту со депопулација на населението преку вакцинација. Говорот на Гејтс е фокусиран на потребата да се елиминира емисијата на јаглерод диоксид со нови пристапи на енергетска продукција за да се избориме со климатските промени. Впрочем и самото видео коешто е претставено во постот датира десет години пред појавата на пандемијата на коронавирусот и вакцините
Рецензираме уште еден од големата низа постови на Фејсбук, во којшто се прави обид да се претстави Бил Гејтс како човек кој сака преку масовна вакцинација да го намали бројот луѓе во светот. Во постот е изваден само еден фрагмент од видео од Јутјуб, каде што на комплетно манипулативен начин е направена конструкција од говор на Бил Гејтс, а со цел да се креира вештачка теза дека тој сака да изврши депопулација на планетата преку вакцините (меѓу другото).
Во видеото кое е претставено во постот што го рецензираме, на измамнички и наведувачки начин, вклучен е дел од говорот на Гејтс даден во 2010 година во Тед Разговорите, насловен како „Иновирање до нула!“ Тој говор на Гејтс е фокусиран на потребата да се елиминира емисијата на јаглерод диоксид со нови пристапи на енергетска продукција за да се избориме со климатските промени. Игнорирајќи ја темата на која зборува Гејтс, за енергетски иновации, видеото што го рецензираме го портретира говорот како ,,доказ за депопулациска агенда која што ги инволвира и вакцините”. Иако експлицитно не се наведува во постот дека се алудира на ковид вакцините, сепак можно е да се извлече таков впечаток бидејќи тие во постот се нарекуваат ,,новите вакцини”. А со самото тоа што не се кажува дека говорот е од 2010 година, новите вакцини може погрешно да се сфати дека се актуелните, ковид вакцини кои се најактуелни во актуелната ковид пандемија!
Во говорот Гејтс се фокусира на развојот на нови технологии за драстично да се намали емисијата на јаглерод диоксид и кратко ја споменува стапката на раст на светското население. Конспирациското видео, пак, го вади од контекст само овој дел од говорот и заклучува дека Гејтс сака да го намали светското население на планетата преку вакцинација.
Но, од целиот говор е јасно дека еден од главните фактори за емисија на јаглерод диоксид во светот е неодржливото ниво на раст на светското население.
Гејтс не сугерира дека светското население треба да се убие со вакцини. Тој вели дека подобрувањето на јавното здравство со вакцини може да го намали неодржливиот раст на популацијата во иднина и со тоа – ДА СЕ НАМАЛИ ЕМИСИЈАТА НА ЈАГЛЕРОД ДИОКСИД.
Вакцините пак, напротив, не ги убиваат, туку ги спасуваат животите на луѓето. Доколку нечија скриена агенда беше да се намали светската популација, тогаш воопшто немаше да се произведуваат вакцини, туку коронавирусот ќе беше оставен слободно да циркулира и да одзема животи. Ковид-19 одзема животи, а вакцините ги спасуваат животите. Тоа е логичката недоследност во постот.
Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс со нивниот проект за вакцинација – Гави, спасила 3.4 милиони животи во период од 8 години. Не е првпат Бил Гејтс и неговите настапи да се вадат од контекст, да се монтираат и да се злоупотребуваат за ширење на познатата теорија на заговор дека вакцинацијата е план за депопулација на светското население. За еден таков пример веќе пишувавме.
Поради тоа што темата на којашто говори Бил Гејтс (во 2010 година во Тед Разговорите) не е поврзана ниту со ковид, ниту со депопулација преку вакцинација, како невистинит го оценуваме постот којшто е предмет на нашата рецензија, а во кој наменски е прикажано манипулативно видео извадено од контекст. Овој наратив да се поврзува Гејтс со масовна депопулација на светското население се шири од самиот старт на вакциналната кампања, со цел тој да се оцрни, а вакцинацијата да се дисквалификува како процес кој е корисен за сузбивање на пандемијата на светско ниво. Впрочем и видеото коешто е претставено во постот е од 2010 година, десет години пред појавата на пандемијата на коронавирусот и вакцините. Во 2010 година не би можело да се знае дека ќе постои пандемијата со коронавирусот.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар