Билјана Беличанец – Алексиќ

 

Билјана Беличанец – Алексиќ е актуелен градоначалник на општина Кисела Вода. Таа е и театарска, телевизиска и филмска актерка.

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Родена е 25 јули 1973 година во Скопје. Сопруга е и мајка на две деца. Ќерка е на познатиот ТВ спикер и водител на манифестации, Симон Беличанец.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

КАРИЕРА

По дипломирањето во 1994 година се вработила во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје. Остварила бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други институции и проекти.

Добитник е на наградата за актерско остварување за улогата на г-ѓа Мартин во претставата „Ќелавата пејачка“, наградата „13 Ноември“ на град Прилеп за особено учество и придонес во културата, наградата за млад актер на Фестивалот МЕС Сараево 2000 година. Во 2009 година ја добила наградтаа за главна женска улога на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ за претставата „Кинегонда во Карлаленд“ и во 2012 година за улогата на Сара во „Генетика на кучињата“.

Добитник на признанието „Мајка Тереза“ во 2012 година.

Посебно забележана во јавноста е по синхронизацијата на македонски на некои турски серии, а народот и даде прекар „Хурем“, по синхронизацијата на ликот на Хурем Султан во турската серија „Величествениот“.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

На локалните избори во 2013 година, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, таа беше избрана за нов градоначалник на општина Кисела Вода.

 

ИЗВОРИ

Веб-сајт на градоначалничкиот кандидат Билјана Беличанец – Алексиќ – Биографија

Комплетна – Постои добра причина зошто сме тие коишто сме – Билјана Беличанец Алексиќ

(26.05.2012) 10без10 – Во 10без10 со Билјана Беличанец – Алексиќ

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција