БИРН Косово: Ексминистерот за образование Бајрами имаше нереални очекувања за ПИСА 2018

Резултатите од тестирањата на ПИСА во 2015 година ја шокираа јавноста во Косово, експертите, но и политичарите. Косово беше рангирано меѓу последните од 72 земји учеснички за читање, математика и наука на 15-годишници. Тогашниот министер за образование, Арсим Бајрами на 5 декември 2016 година ги нарече резултатите „очекувани“, додавајќи дека тие не ја одразуваат неговата работа, туку онаа на претходните влади и дека со него на чело во 2018 година Косово ќе биде рангирано на многу подобра позиција, односно ќе биде на европско ниво. Бајрами слична изјава даде и на 19 септември во емисијата на Бирн Косово „Животот во Косово”.

Бирн Косово ги анализираше  изјавите на Арсим Бајрами и според добиените информации, косовските ученици во 2018 постигнаа резултат под оној предвиден од Бајрами (400 бодови). Поточно, тие освоија 353 бодови во читање, 366 во математика и 365 во наука. Од друга страна, во 2015 година Косово имаа 347 бодови во читање, 362 во математика и 378 во наука. Имајќи ги предвид овие податоци,  БИРН  ја оцени како невистина изјавата на Бајрами дека „Косово ќе се рангира подобро, исто како и земјите од Европската унија и регионот и дека  ќе постигне до 400 бодови“.  Се покажа дека ексминистерот за образование имаше нереални очекувања за ПИСА 2018, бидејќи остварените резултати не го приближуваат Косово ниту до земјите од ЕУ, ниту до оние од регионот.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција