БИРН Косово: Косово останува без функционален Фонд за здравствено осигурување

Актуелниот министер за здравство на Косово, Уран Исмаили, во неколку наврати вети дека ќе го стави во функција Фондот за здравствено осигурување за граѓаните на Косово. Имено, тој изјави дека 2019 година е година на здравствено осигурување и тоа билo приоритет на Mинистерството кое тој го води.

Бирн Косово го провери ова ветување на Исмаили и констатира дека Косово заврши уште една година без Фонд за здравствено осигурување. И покрај фактот што министерот Исмаили, ја прогласи 2019 година за година на здравственото осигурување,  Фондот за здравственото осигурување за граѓаните на Косово сè уште не е во функција, а истото ветување министерот го одложи за оваа година.

Според БИРН Косово четворица министри досега ветија Фонд за здравственото осигурување, но никој од нив не успеа да го оствари ветеното.

Имајќи ја предвид оваа проверка,  БИРН Косово  споменатото ветување на министерот Исмаили го оцени како неисполнето.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција