БИРН Косово: Лажна вест за смрт на обвинетата за убиството на Ивановиќ – Силвана Арсовиќ е жива

БИРН Косово анализираше вест објавена на косовскиот „Индекс Онлајн“ за наводна сомнителна смрт на Силвана Арсовиќ, екс секретарка на убиениот српски политичар од Косово, Оливер Ивановиќ и обвинета заедно со пет други лица за неговото убиство.

Во врска со случајот, kallxo.com го контактираше и специјалниот обвинител Сил Хоџа, кој поднесе обвинение против Арсовиќ и пет други лица за убиството на Оливер Ивановиќ. Tој веста ја нарече лажна. Имено, Хоџа добил информација и од главниот обвинител на Митровица дека обвинетата е хоспитализиранa поради здравствени компликации, но е жива, не мртва.

Претходно kallxo.com објави дека Силвана Арсовиќ лeжела во болница поради висок крвен притисок и стегање во градите. Со ова образложение објавената вест на “Индекс онлајн“ е оценета како лага, односно невистина.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција