БИРН Косово: Мустафа го смени ставот за безусловна поддршка на Владата на Курти

 

Сервисот за проверка на факти во Косово, „БИРН Косово“ ја провери изјавата на претседателот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа.

Мустафа откако при почетните преговори не успеа да се договори со движењето Самоопределување за заедничка Влада, изјави дека неговата партија е спремна да гласа безусловно за Владата на ДС, иако неговата партија би останала во опозиција. Но, по конституирањето на Собранието, каде ДСК, иако без заеднички договор за Влада, му даде поддршка на кандидатот на Курти, Мустафа се премисли.

Тој во емисијата „Рубикон“ на КТВ го смени ставот во врска со можноста неговата партија да даде целосна поддршка на евентуалната Влада предводена од Албин Курти.

Имено, Мустафа рече дека евентуалната Влада на Курти без Демократскиот сојуз на Косово, нема да добие „бланко” гласови, туку тие треба да знаат што би биле целите и членовите на таа Влада.

Со ваквото образложение БИРН Косово, горенаведената изјава на Мустафа ја оцени како недоследна.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција