Реконструирана Зоолошката градина во Битола

Зоолошка градина - Битола Фото: Принтскрин

Проект: Зоолошка градина 

Потполна реконструкција на зоолошката градина –изградба на нови живеалишта за животните според критериумите на ЕАЗА, што ќе претставува убаво место за посетителите и за туристите. (Средства: 42.700.000 денари Извор на финансирање: Европски фондови Рок: 2016 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Станува звор за исполнето ветување на  градоначалникот на Битола, Владимир Талевски.  Проектот за целосна реконструкција на Зоолошката градина во Битола, Талевски го вети во изборната програма за локалните избори 2013-2017 година (стр.55).

Реализацијата на овој проект Талевски ја започна уште во претходниот мандат, а за време на неговата кампања за локалните избори во 2013, при една посета на Зоолошката градина, тој информираше дека:

веќе е сменета водоводната мрежа преку буџетот на општината, а 2/3 се завршени од канализационата мрежа и целиот пакет е околу 4 000 000 денари, значи вкупно над 5 000 000 денари инвестира општината во инфраструктурата бидејќи тоа не постоеше.

На 28.02.2014 во медиумите е објавена информација дека Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион почнал да прибира понуди за извршување на потребните градежни работи во Зоолошката градина во Битола.

Постапката за реконструкција на битолската Зоолошка градина се одвива во неколку фази, при што досега се комплетираше санацијата и изградбата на 11 од вкупно планираните 26 живеалишта.

На 13.05.2014 беше објавено кога ќе се одржи свеченото одбележување на отпочнувањето на градежните работи во Зоолошката градина.

На 15 мај, (четврток) со почеток во 12.00 часот свечено ќе биде одбележено отпочнувањето на градежните работи во Зоолошката градина во Битола, во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Свеченото отворање на Зоолошката градина, пак, се одржа на 06.12.2014 година.

Денеска во Битола во присуство на Претседателот на државата Ѓорге Иванов, заменикот министер за локална самоуправа Љупчо Пренџов , преставникот на Европската унија, Робин Лидл, градоначалниците од Пелагонискиот регион и Директорката на ЦРППР беше свечено пуштена во употреба реновираната Зоолошка градина.

Имајќи го предвид сето погоре, може да се каже дека ова ветување на Владимир Талевски е исполнето и тоа пред наведениот рок.

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција