Блерим Беџети: Владата има волја за постигнување на договор за декриминализција на клевета
За идејата за декриминализација на клевета се работи. Сметам дека за да се спроведе една таква идеја има потреба од сериозен пристап во правните формулации и законите кои го третираат тоа прашање и затоа е потребно време. Се работи за постапка која е посложена и како што и самите споменавте, уште од самиот почеток е вклучено и ЗНМ, во Министерството за правда има работна група. Се разбира доминантна улога ќе имаат и искуствата од други земји, а не само кај нас, а очигледно дека искуствата се различни и се надевам дека ако се најде решение, ќе има поддршка и во Собранието. Битно е да се наведе дека волјата на владата постои. Со самиот факт што претставниците на владата, неколку министри и заменик премиер на владата веќе разговараа со ЗНМ, од кои разговори произлезе и констатацијата да оформиме работна група кај што ќе бидат директно вклучени и се вклучени, со тоа сметам дека владата има волја, само треба да се најде усогласеност во законско решение. [Датум: 18.03.2012 | Извор: Радио Слободна Европа]
Образложение:
Иако се најави дека новинарите и претставниците на владата се блиску до постигнување на договор за декриминализција на клевета, после осум месеци преговори ЗНМ излезе со став дека нема ниту договор, ниту преговори со власта.
„Веќе два месеци се обидуваме да закажеме средба со вицепремиерката Теута Арифи околу надоместоците за клевета и навреда, но тие обиди завршуваат без резултати“ изјави Селмани на прес конференцијата по повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите.
Тој дополнително изјави:
„Пред неколку дена Фридом хаус излезе со извештај во кој Македонија е рангирана како последна земја во регионот по слободата на медиумите. Во јануари сличен извештај извади и Репортери без граници каде Македонија забележа пад од 26 места“.
Владините кампањи, зајакнување на јавниот сервис МРТВ, почитување на професионалните стандарди и декриминализацијата на клеветата беа главните прашања за кои Владата и здружението на новинари требаше да разговараат.
Со самите изјави од челниците на ЗНМ може да се констатира дека во моментов не постои дијалог и договор помеѓу Владата и новинарите за декриминализација на клеветата и со тоа изјавата на министерот за правда се оценува како невистинита.
Линкови:
- Нетпрес (03.05.2012): Дијалогот Влада – новинари прогласен за неуспешен [Пристапено на: 08.05.2012]
- ТИМЕ.мк (03.05.2012): ЗНМ: Дијалогот со Владата пропадна [Пристапено на: 08.05.2012]
- Freedom House: Global Press Freedom Rankings [Пристапено на: 08.05.2012]
- Freedom House: Freedom of the Press 2012 [Пристапено на: 08.05.2012]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар