„Бог да чува“ новинарство

Приказна која ќе ве шокира  Момчиња загинале во сообраќајка  а во багажникот Сител Телевизија-crop-resize

 

Сензационализам базиран на урбана легенда. Непотребно потресување на гледачите со информативен наслов, кој создава впечаток дека дента се случило нешто потресно. Единствената „шокантна“ работа во ваквата објава е што се сметало за целсходно да се препише мит и истиот да се пласира како информација.

Приказна која ќе ве шокира  Момчиња загинале во сообраќајка  а во багажникот Сител ТелевизијаНаслов на анализираниот напис: Приказна која ќе ве шокира: Момчиња загинале во сообраќајка, а во багажникот…

Датум и време на објавување: 27.01.2015

Датум на рецензирање: 02.02.2015

Рецензент: Александар Пешев

Несериозно и непотребно оптоварување на медиумскиот простор со урбана легенда која веќе подолго време кружи низ социјалните мрежи и преку електронска пошта. Содржина која не е соодветна за целата публика и не се знае зошто воопшто е битна ваквата информација. Ако функцијата на едно јавно гласило е да информира и да едуцира, имаме промашена информација.

Веќе неколкупати сме поентирале дека новинарот и уредникот мора да се запрашаат „Па што?“ пред објавување на која било информација. Едноставно прашање кое дава одговор за релевантноста на информацијата за публиката, било читатели или слушатели. Ваквата информација, која не е подржана со изјави и за која нема наведено извор, дава краток и јасен одговор на најпотребното прашање пред објавување: „Па ништо!“.

Ако веќе се фаќаме за веродостојноста на информацијата, истата кружеше како популарно наречена спам електронска пошта (spam), и тоа од поодамна. Фали уште непотпишаниот автор на оваа објава да го допреведе и последниот дел од копираниот текст за да ја комплетира информацијата: „Препратете го ова на 10 пријатели за Бог да ве благослови“.

Дали забележливиот пробив на вакви информации, непроверени копии со крајно сомнителна веродостојност, укажува на посериозни проблеми во дел од мејнстим-медиумите, како попреченост да се известува за порелевантни теми е прашање за друга пригода. Во секој случај, непримерно е темите од важност за публиката да се засенуваат со вакви несериозни објави.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција