Болничка вежба за справување со Ковид-19 не претставува заговор за да се измисли пандемијата

Фото: скриншот

Анонимен глас ни вели дека ќе видиме видео клип на кој можат да се видат глумци во болница на кои им е речено да глумат дека се бајаги болни од Ковид-19. Гласот тврди дека и во видеото имало доказ дека сѐ е измама и лага (се мисли на корона вирусот и Ковид-19) и додава дека во него се е изрежирано, дека, ете, глумицата во клипот, „во 13,35 треба да му каже на некој од докторите дека има проблем со дишењето и дека за тоа ќе добие многу пари.“ Во суштина, станува збор за премонтирано и злоупотребено видео од болничка вежба во Берлин во која се симулира наплив на Ковид-19 пациенти за што се ангажирани статисти, меѓу кои и авторката на злоупотребеното видео

Анонимен глас ни вели дека ќе видиме видео клип на кој можат да се видат глумци во болница на кои им е речено да глумат дека се бајаги болни од Ковид-19. Гласот тврди дека и во видеото имало доказ дека сѐ е измама и лага (се мисли на корона вирусот и Ковид-19) и додава дека во него се е изрежирано, дека, ете, глумицата во клипот, „во 13,35 треба да му каже на некој од докторите дека има проблем со дишењето и дека за тоа ќе добие многу пари.“ Во суштина, станува збор за злоупотребено видео од болничка вежба во Берлин во која се симулира наплив на Ковид-19 пациенти за што се ангажирани статисти, меѓу кои и авторката на злоупотребеното видео

 

На Фејсбук неодамна се појави злоупотребено видео, кое потоа се сподели ширум социјалната мрежа, па и преку пост на македонски јазик.

Што содржи видеото? Најпрвин слушаме анонимен глас без лице, кој на хрватски јазик ни вели дека ќе видиме видео клип на кој, пак, можат да се видат глумци во болница на кои им е речено да глумат дека се бајаги болни од Ковид-19. Анонимниот глас, исто така, нѐ предупредува дека видеото ќе било „најверојатно избришано за 24 часа“ (тоа стои на Фејсбук повеќе од една недела). Гласот тврди дека и во видеото имало доказ дека сѐ е измама и лага (се мисли на корона вирусот и Ковид-19) и додава дека во него се е изрежирано, дека, ете, глумицата во клипот, „во 13,35 треба да му каже на некој од докторите дека има проблем со дишењето и дека за тоа ќе добие многу пари.“ Целиот овој вовед во видео клипот, значи, упатува на тоа дека клипот што следи е некаков крунски доказ за тоа дека сѐ што е поврзано со пандемијата на корона вирусот е, всушност, лага.

Во видео клипот навистина се гледа дека девојката, која сама се снима со мобилен телефон, навистина не е болна, се гледа документ кој го претставува нејзиниот договор со болницата, самата таа се шегува, вели дека сѐ е шега (prank) I потоа објаснува дека станува збор за симулација, па дури и чита сегмент од договорот.

Се разбира, станува збор за манипулација. Не е јасно дали сопственикот на гласот од почетокот, кој го најавува видеото, е свесен за тоа или не, но целото видео веќе е проверено од проверувачи на факти и во Германија и во регионот и утврдено е дека вистината е сосема поинаква. Точно е дека во оваа болница, која е во сопственост на болничката групација Vivantes, чие име го има и на креветските покривачи во видеото, има спроведено вежба со статисти со цел да се обучи дополнителен персонал во резервен објект, доколку се појави потреба во ситуација на наплив од новозаболени лица од Ковид-19, особено што, според оваа болничка групација, болничките капацитети за Ковид-19 во градот се полни. Еве што се вели во соопштението на болницата (на германски) за оваа вежба, која се одржала од 13 до 15 часот на 10 септември:

Околу 50 вработени од основниот тим на „Вивантес“ и надворешни волонтери, кои веќе беа обучени и помогнаа да се оптимизираат процесите, учествуваа во вежбата. Околу 70 статисти, исто така, учествуваа во улога на пациенти. Се симулираше приемот на болни, грижата, трансферот и отпуштањето на измислените пациенти со корона. Преку различните сценарија, пациентите им даваа на вработените задачи што требаше да се исполнат: на пример, ситуација со недостаток на здив, неопходна реанимација или индивидуални барања како поддршка при користење тоалет или барање на пијалок.

Работите одат дотаму што девојката, која учествуваше во оваа вежба како еден од статистите и чие видео клип беше злоупотребен со цел да се изнесат лаги за наводното непостоење на Ковид-19, го повлече клипот и направи ново видео на Инстаграм (на германски) во кое објасни за што станува збор. Таа во новото видео вели дека со својата другарка виделе оглас на факултет со кој се бараат статисти за вежба за справување со Ковид-19 во една од болниците во градот, дека ангажманот ќе трае од 11 до 16 часот, како и дека хонорарот ќе изнесува 50 евра. Таа додава и дека целата вежба е снимена и од службени камермани и фотографи ангажирани од самата болница, при што овие официјални фотографии се достапни и на Инстаграм и на Фејсбук.

Она што е интересно за нас овде во С. Македонија, тоа е што во конкретниов пост, покрај споделеното видео, има и статус во кој се вели: „EVE KAKO NE LAZI SZO MAFIJASKATA BANDA – KORONA GLUMCI ZA PARI PRODADENI DUSI.

Сосема е нејасно каква врска има СЗО (Светската здравствена организација) со оваа вежба за справување со Ковид-19, а која се одржува во Германија за потребите на болница од Берлин, при што вежбата дури и била проследена од претставници на Сенатското одделение за здравство и против-пожарни служби, инаку оддел од градската администрација. Исто така, нема никакви докази дека СЗО е „мафијашка банда“. Точно е дека за СЗО има критики дека е премногу блиска до Кина и дека на почетокот од пандемијата не ја извести светската јавност за сериозноста на состојбата во оваа земја од каде што потекна новиот корона вирус, што, пак, доведе до тоа САД привремено да излезе од организацијата, но никој досега не ја обвинил СЗО за мафијашко однесување. Вториот дел од статусот околу глумата и парите веќе го објаснивме и тука немаме што да додадеме.

Во секој случај, станува збор за злоупотребено видео на студентка од Берлин, која учествувала во болничка вежба за справување со Ковид-19 пандемијата како статист, но никако за глума со цел да се инсценира постоење на болеста Ковид-19. Ковид-19 е и тоа како реална и вистинска болест, која е заразна и чиј причинител е новиот корона вирус SARS-COV-2, при што од оваа болест до 25 септември 2020 година се заболени над 32 милиони луѓе ширум светот, а скоро милион се починати.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција