Децата во Дојран добија нова градинка
Отворање на детска градинка во Нов Дојран. Со цел подигнување на степенот на заштита на децата и нивно целосно вклучување во процесот на социјализација, се предвидува отворање на детска градинка во Нов Дојран. (Рок: 2014 година)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ветувањето за отворање на детска градинка во Нов Дојран е исполнето ветување на градоначланикот на Дојран, Борче Стамов. Овој проект е наведен во неговата предизборна програма за локалните избори 2013-2017 година, насловена како „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра општина Дојран!“ (стр.53).
Реализацијата на ветувањето за нова градинка во Дојран, инаку, е дел од проектот на Владата за отворање на нови 14 градинки ширум државата. Во август 2013 година медиумите ја пренесоа информацијата од Владата дека:
… до крајот на 2014 година ќе бидат отворени нови 14 градинки во земјата.
Градинките се планираат во Дојран, Василево, Сарај, Карабинци, Кривогаштани, Демир Капија, Виница, Ѓорче Петров, Дебар, Кочани, Босилово и две во Кисела Вода во Скопје.
На 27.03.2014 година, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, објави дека е во завршна фаза изградбата на детските градинки во општините Дојран, Василево и во дебарско Могорче.
На 12.11.2014 година, медиумите објавија вест дека е отворена нова градинка во Дојран.
Mинистерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов ја отворија Јавната општинска установа за деца – детска градинка „Кокиче“ во Дојран.
Веста беше пренесена и на официјалниот .
Детската градинка “Кокиче” во Нов Дојран е опремена со најсовремени реквизити, играчки креветчиња, маси и столчиња се она што е потребно за децата да добијат вистинка забава и пријатна дневна грижа.
Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека ветувањето на градоначалникот на Дојран Борче Стамов, за отворање на нова детска градинка во Дојран, е исполнето.
ИЗВОРИ:
- Програма за локалните избори 2013-2017 година на ВМРО-ДПМНЕ – „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра општина Дојран!“ (стр.53) [Пристапено на 10. 04.2017]
- Тајм.мк (13.08.2014): До крајот на годината ќе бидат отворени 14 нови градинки [Пристапено на 10. 04.2017]
- Новатв (13.08.2014) – Власта ветува 14 нови градинки во Македонија [Пристапено на 10. 04.2017]
- МРТ (27.03.2014) – Се подобруваат условите за згрижување деца во градинките [Пристапено на 10. 04.2017]
- Нетпрес (12.11.2014) – Отворена нова детска градинка во Дојран [Пристапено на 10. 04.2017]
- Официјален фејсбук профил на градоначалникот на Дојран, Борче Стамов – „Кокиче“ – Отворена првата детска градинка во Општина Дојран [Пристапено на 10. 04.2017]
- Вести.мк (12.11.2014) – Дојран доби детска градинка [Пристапено на 10. 04.2017]
Оцени: Ана Анастасовска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар