Бројни фактори придонесоа во САД да се родат помалку бебиња во 2023, а не „депопулацијата“

Фото:Picsea on Unsplash

Не е точно наведеното во објавата дека намалувањето на бројот на раѓања во 2023 бил резултат на „депопулација по дизајн“, туку се должи на бројни фактори, меѓу кои недостигот на платено породилно отсуство и многу растечките трошоци за здравствено осигурување. Но, исто така стапките на раѓања во земјите ширум светот опаѓаат и поради економската нестабилност и пандемијата (актуелна во тој период). Во објавата што ја рецензираме оваа невистина е испреплетена со расистичката теорија на заговор „дека западот се полни со мигранти спремни за расплод со белата раса“

Не е точно наведеното во објавата дека намалувањето на бројот на раѓања во 2023 бил резултат на „депопулација по дизајн“, туку се должи на бројни фактори, меѓу кои недостигот на платено породилно отсуство и многу растечките трошоци за здравствено осигурување. Но, исто така стапките на раѓања во земјите ширум светот опаѓаат и поради економската нестабилност и пандемијата (актуелна во тој период). Во објавата што ја рецензираме оваа невистина е испреплетена со расистичката теорија на заговор „дека западот се полни со мигранти спремни за расплод со белата раса“

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Депопулација по Дизајн. 2023 со најмалку родени бебиња во Америка.. ( а и секаде на западот). Решението (по дизајн) , западот се полнит со млади “мигранти” мажи, спремни за расплод со белата раса. И то…

Во склоп на објавата има изјава на претседателот на САД Доналд Трамп дека бонусот за мајките е добра идеја. Како што известија бројни светски медиуми, Трамп одговорил дека е добра идеја да им се дава некој вид на бонус на мајките откако ќе се породат, но не специфицирал детали. Тој во февруари потпиша извршна наредба со која се олеснува пристапот до ин-витро во САД.

Извештајот на Заводот за статистика на САД покажува дека во 2023 година имало опаѓање за 2 проценти на бројот на раѓања во САД споредено со 2022.

Бројот на раѓања опаѓа просечно 2 проценти годишно од 2015 до 2020, вклучително со опаѓање од 4 проценти од 2019 до 2020, раст од 1 процент од 2020 до 2021 и е непроменет од 2021 до 2022, пишува во официјалниот извештај.

Реномираниот американски магазин „Тајм“ извести дека во 2023 година во САД бројот на раѓања падна на најниското ниво од 1979 година. Тие како фактори ги посочија недостигот на платено породилно отсуство и многу растечките трошоци за здравствено осигурување. Но, во нивниот текст се наведува и дека стапките на раѓања во земјите ширум светот опаѓаат поради економската нестабилност и пандемијата (актуелна во тој период). Така што, не е точно наведеното во објавата дека се работи за „депопулација по дизајн“, туку за бројни фактори.

Младите во САД носат свесни одлуки за планирање на семејството и сакаат да чекаат додека да се способни финансиски да се издржуваат себеси и детето, вели Карен Гузо, демограф и директор на „Каролина популацискиот центар“ на Универзитетот во Северна Каролина на Чапел Хил. 

Нејзиното истражување покажало дека Американците ги посочуваат економските проблеми, нестабилноста на работните места, политичката поларизација, студентските заеми, пристапот до здравствена заштита, климатските промени и глобалните конфликти како причини да го одложат имањето дете или да се одлучат да немаат дете.

Луѓето стануваат родители намерно (со план), вели таа за „Тајм“ Магазинот.

Инаку, извештајот од Заводот за статистика на САД од 2023 година се базира на бројот на изводи на родени во САД за да покаже трендови на популација и не навлегува кои се факторите што придонесуваат за тие трендови, меѓу кои е цената на здравственото осигурување.

САД имаше мал раст во стапките на раѓања пред 2008 година кога имаше рецесија, но од 2000 година, според Тајм магазинот, тие стапки вкупно се намалени за 11 проценти. Иако економијата се подобри оттогаш, индивидуалните финансиски потешкотии, како на пример, студентскиот долг, се зголемуваат за младите. Непланираните бремености опаѓаат, а и бројот на тинејџерски бремености е многу низок. 

Не е точно наведеното во објавата дека намалувањето на бројот на раѓања во 2023 бил резултат на „депопулација по дизајн“. Во објавата што ја рецензираме оваа невистина е испреплетена со расистичката теорија на заговор „дека Западот се полни со мигранти спремни за расплод со белата раса“.

Многу повеќе жени сега се образовани, што значи дека самите можат да се издржуваат и да одлучат да се омажат подоцна во животот. Луѓето чекаат подоцна да имаат деца. И просечно, кога луѓето чекаат да имаат деца подоцна, тогаш на крајот имаат помалку деца. Мислам дека има поголемо општествено прифаќање да не се има деца или да се има помало семејство, вели Сара Хајфолд директорка на Институтот за популациско истражување на „Охајо Стејт Јуниверзити“.

Теоријата дека „има план за депопулација“ е теорија на заговор за која Вистиномер повеќе пати има пишувано.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција