Бројките на ВАЕРС не се доказ за несакани ефекти од анти ковид вакцините

Фото: Flickr.com

Официјален извештај, со официјални бројки од официјален државен систм во САД за следење на безбедност на вакцините упатува на толкување за многу голем број несакани ефекти од анти ковид вакцините. Но, не е баш се така, зашто во објавата не е напоменато дека постои и Упатсво за толкување на податоците од извештаите, во кое е јасно назначено дека не може да се земат како јасен доказ оти постои поврзаност на несаканата реакција и примената вакцина

Официјален извештај, со официјални бројки од официјален државен систм во САД за следење на безбедност на вакцините упатува на толкување за многу голем број несакани ефекти од анти ковид вакцините. Но, не е баш се така, зашто во објавата не е напоменато дека постои и Упатсво за толкување на податоците од извештаите, во кое е јасно назначено дека не може да се земат како јасен доказ оти постои поврзаност на несаканата реакција и примената вакцина

 

Објава на профил на Фејсбук сугерира дека во Соединетите Американски Држави постои многу голем број случаи на несакани ефекти од анти ковид вакцините, што е суптилна дезинформација поради испуштениот контекст.

Во објавата прецизно се наведуваат категории и бројки од официјална американска агенција:

Пријавени резултати од примените инекции (не се вакцини!) во САД :

5.165 умрени

51.133 побарале помош на лекар

39.121 примени во Ургентен центар

17.619 примени на болничко лекување

1.565 добиле парализа на лицето

1.342 развиле аналфилаксија (тешки, потенцијално смртносни алергиски реакции)

5.317 имаат други реакции опасни по живот

3.994 се хендикепирани/осакатени

1.872 добиле срцев удар

756 развиле срцеви заболувања

1.392 развиле тромбоцитопенија (згрушување на крвта)

571 случаи на спонтан абортус

13.574 случаи на други тешки алергиски реакции

Притоа, под објавата е даден линкот од страницата од каде се земени податоците. Станува збор за линк каде се објавни податоци од вкупниот број на пријавени случаи (поврзани со вакцините против ковид), до 28 мај 2021 од ВАЕРС (Vaccine Adverse Event Reporting System) или Систем за пријавување на несакани ефекти поврзани со вакцините.

Илустрација од childrenhealthdefence. org

ВАЕРС е дел од националниот систем за следење на безбедноста на вакцините во САД, кој е раководен од CDC и FDA, односно од Ценатарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и Администрацијата за храна и лекови (ФДА), кои се грижат на федерално ниво за сите прашања поврзани со спроведување и контрола на здравствените политики и состојби во САД.

Извештајот што може да се види од линкот ставен во објавата, е вистинит и точен. На таа страница навистина може да се најдат сите овие податоци за починати, за лица што побарале помош од лекар, за оние што се соочиле со специфично згрутчување на крв (тромбоцитопенија), за спонтани абортуси, за алергиски реакции и други категории.

 

Недостасува Упатството на ВАЕРС

Но, она што не е наведено во објавата што ја рецензираме, е податкот дека ВАЕРС има и Упатство за толкување на податоците што се објавуваат. Ова Упатство е јасно назначено на првата страница на ВАЕРС сајтот и во него уште на почетокот се наведува:

При проценка на податоците од VAERS, важно е да се напомене дека за кој било пријавен настан, не е воспоставена никаква причина-последична врска. Извештаите за каква било врска помеѓу вакцините и несаканите дејства (можни несакани ефекти) се водат во VAERS. Затоа, VAERS собира податоци за каков било несакан настан по вакцинирањето, било да е тоа случајно или навистина предизвикано од вакцина. Извештајот за несакан настан до ВАЕРС не е документација дека вакцината го предизвикала настанот.

Во посебен дел од Упатството се предупредува да се внимава кога се толкуваат податоците на следните ограничености на системот:

Извештаите на VAERS можат доброволно да ги достават сите, вклучително и давателите на здравствени услуги, пациентите или членовите на семејството. Извештаите се разликуваат по квалитет и комплетност. Тие честопати немаат детали, а понекогаш може да имаат информации што содржат грешки.

Според тоа, може да се констатира дека информациите во објавата што ја рецензираме може да доведе до дезинформација околу несаканите ефекти од вакцините против ковид, токму поради недостиг на контекстот, т.е. важната информација од Упатството како да се толкуваат бројките од официјалниот редовен извештај на ВАЕРС.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција