Брзите тестови за ковид-19 не се наменети за сок од киви или за Кока кола зашто овие супстанци ја менуваат ПХ вредноста!
Тестот треба да се спроведе според упатствата од производителот. Злоупотребата на антигенските тестови со овошје или пијалоци или нивното користење во погрешни услови за PH, ги прави резултатите неверодостојни и бескорисни
Во постот што го рецензираме се тврди дека италијански научници тестирале киви со ковид-19 тест и тестот бил позитивен.
Сличен експеримент неодамна спроведе и австрискиот пратеник Михаел Шнедлиц, кој во брзиот антигенски тест наместо материјал од носот или од грлото на суспектен пациент, стави Кока Кола. Овие бизарни тестирања на овошје, зеленчук и други прехрамбени производи за коронавирус, имаат за цел да покажат наводна неточност и неефикасност на ковид тестовите. Меѓутоа, без разлика на тоа каков резултат ќе покаже тестот кога во него се испитува примерок од киви, на пример, тоа не значи ништо во поглед на ефикасноста на тестот кога се применува за скрининг или детекција на ковид-19.
Но, да се вратиме на конкретното и наводно позитивно киви. Најнапред, постојат контроверзи за тоа дали откако е завршен тестот, двете линии на него се навистина отцртани. Дефинитивно се гледа дека е отцртана контролната линија, што всушност означува негативен резултат, а потоа е намонтиран фрагмент од видеото каде се гледа фотографија на која и втората линија се гледа бледо.
Кока колата не е супстанца која е наменета да се тестира со овој тест и затоа не можеме да го сметаме методот за валиден. Физиолошката ПХ вредност во телото е строго регулирана на вредноста 7. Од друга страна, кока колата е многу киселкаста, со ПХ вредност 2.2 која што ги уништува поголемиот дел од протеините. Било кој тест базиран на протеини, нема да функционира со Кока кола или ќе даде лажни резултати.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар