Бугарија не дозволува влез на Македонци и со негативен ПЦР тест, но не на сите граничните премини

Фото: Marcin Szala. Википедија

Постот, пласирајќи наслов дека Бугарија не дозволува влез за Македонци, дури и со негативен ПЦР тест, создава погрешна слика во јавноста. За влез во Бугарија Македонците мора да се упатат на граничниот премин Деве Баир и со себе да носат негативен ПЦР тест. Другите два гранични премини – Делчево и Ново Село, и претходно беа затворени за патници, освен за товарни возила

Постот, пласирајќи наслов дека Бугарија не дозволува влез за Македонци, дури и со негативен ПЦР тест, создава погрешна слика во јавноста. За влез во Бугарија Македонците мора да се упатат на граничниот премин Деве Баир и со себе да носат негативен ПЦР тест. Другите два гранични премини – Делчево и Ново Село, и претходно беа затворени за патници, освен за товарни возила

 

Пост на Фејсбук преку манипулативен наслов ја дезинформира јавноста дека Бугарија не дозволува влез за Македонци дури и со негативен ПЦР тест. Ваквата информација не е точна. А, не е точна зашто ѝ недостига контекст, односно дополнителни објаснувања, кои ќе појаснат за што точно станува збор.

 

Имено, постот се повикува на напис чијшто наслов е конструиран така што создава погрешна слика во јавноста, иако во текстот е прецизно објаснето како и под кои услови може да се патува во Бугарија. Имено, точно е дека Бугарија не дозволува влез на нејзина територија со негативен ПЦР тест, но само на одредени гранични премини, а не и на граничниот премин Деве Баир. Тоа во написот е нагласено веднаш под насловот.

Македонски граѓани секојдневно се враќаат од граничните премин Ново село и Делчево кон Бугарија. Бугарските гранични служби никако не дозволуваат Македонци да влезат на нивна територија и со обезбеден негативен ПЦР тест кој е нужен за влезот. Тие ги враќаат граѓаните назад, да одат кон граничниот премин Деве Баир – Ѓуешево затоа само тој премин моментно функционира за влез кон Бугарија.

Подолу се објаснува ваквата одлука на бугарските власти.

Забраната за влез во Бугарија на другите два премини беше соопштена во февруари годинава, но одлуките за рестрикциите и условите за влез често се ревидираат од страна на сите држави од соседството, па граѓаните не секогаш знаат точно. За празниците кои поминаа и слободните четири дена повеќе наши сограѓани заминаа некаде, а засилен беше интересот и за Бугарија. Со направен ПЦР тест, границата се поминува без проблем, но не и кај Ново село. Таму колона од македонски возила била вратена и патниците, меѓу кои имало и доста деца биле вратени назад кон Македонија.

 Како што е познато, ваквата одлука бугарските власти ја донесоа на 17 февруари.

Од 17 февруари, Бугарија направи промена во рестриктивните мерки за спречување на ширење на пандемијата од ковид-19, при што за влез во Бугарија на македонски државјани кои планираат да престојуваат краток или подолг период отворен е само граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево, а на сите тие лица при влез им се бара поседување негативен ПЦР ковид тест“, велат од МВР од каде соопштија дека македонските транспротери и студенти во Бугарија може да влезат на сите три гранични премини, пишува СДк.мк.

Граничните премини Ново Село и Делчево беа затворени уште во март 2020 година, односно на почетокот од пандемијата.

Граѓаните од државата ќе може да излезат само низ граничниот премин кон Бугарија – Деве Баир, без ограничувања, како и граничниот премин Аеродром Скопје, информира денеска Министерството за внатрешни работи, пренесе Радио Слободна Европа.

Тие за влез на патници во Бугарија беа отворени во јуни 2020 година.

И на граничниот премин “Ново село” со соседна Бугарија, кој точно три месеци беше затворен за патници и можеше да поминуваат само товарни возила, за секој што ќе ја помине границата важат строгите утврдени протоколи. Во Бугарија можат да одат македонски државјани, но само за транзит, доколку приложат соодветни документи или авионски билет, или пак, македонските државјани кои имаат регулиран престој во Бугарија. Но и таму тие ќе треба да потпишат изјави и да останат во 14-дневна изолација. Досега, за влез во Бугарија функционираше само граничниот премин “Деве Баир”, објави Вечер.

Во последната одлука на бугарските власти донесена на 01.04.2021 година, објавена на официјалната страница на МНР, се вели:

– На граѓаните на Република Северна Македонија, кои транзитират или пак се ученици и студенти кои често патуваат во / од РБугарија дозволен е влез без ПЦР тест на сите Гранични премини.

– За останатите, вклучително за дипломати и странски делегации, медицински и хуманитарни лица, културни и спортски работници, лица што се лекуваат и нивната придружба,  независно од возраста, за влез во РБугарија потребно е поседување на негативен ПЦР тест, и влезот е ограничен на Граничниот премин „Деве Баир’ – „Ѓуешево“.

– Со новата Заповед се ограничуваат Граничните премини низ кои може да се влезе во Р. Бугарија. За македонските граѓани кои сакаат да влезат и престојуваат во Република Бугарија останува отворен само Граничниот премин „Деве Баир’ – „Ѓуешево“, со задолжителен ПЦР тест (освен исклучоците наведени во првиот став).

– На останатите Гранични премини „Делчево“ (Делчево) и „Ново Село“ (Струмица), дозволен е само товарен сообраќај, како и за лица кои транизитираат и ученици и студенти кои често патуваат во / од РБугарија и за кои не е потребен ПЦР тест – (Точка 7 од Заповедта)

– Од Аеродромот во Софија до Република Северна Македонија и обратно се уште единствен превоз останува такси превоз (македонските државјани сами го обезбедуваат и ги подмируваат трошоците).

Од сето ова може да се заклучи дека постот што го рецензираме делумно ја дезинформира јавноста преку насловот на написот, односно на насловот му недостига контекст. Точно е дека Бугарија не дозволува влез на македонски државјани со негативен ПЦР тест, но само на граничните премини Ново Село и Делчево. За влез во Бугарија Македонците мора да се упатат на граничниот премин Деве Баир и со себе да носат негативен ПЦР тест. Другите два гранични премини и претходно беа затворени за патници, освен за товарни возила. Постот, пласирајќи наслов дека Бугарија не дозволува влез за Македонци, дури и со негативен ПЦР тест, може да создаде погрешна слика во јавноста, имајќи предвид дека голем дел од луѓето читаат само наслови, а не и текстови, иако во текстот е сè убаво објаснето.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција