Буквата „Ж“ не е испишана на статуата „Кeфрен на престолот“
Во објавата е прикажана статуа на Кефрен востоличен (се чита и како Кафре, Кафра, Хафра и грчки: Χεφρήν Чефрен), од Храмот во Долината на Пирамидата на Кефрен во Гиза, Старото Кралство. Симболот на тронот, за којшто објавата тврди дека е буквата Ж од нашата азбука, нема никаква врска со букви. Станува збор за симболот „сема-тави” – еден од најважните симболи во древноегипетската иконографија. Сема-тави го симболизирал единството помеѓу Горен и Долен Египет
Во објавата е прикажана статуа на Кефрен востоличен (се чита и како Кафре, Кафра, Хафра и грчки: Χεφρήν Чефрен), од Храмот во Долината на Пирамидата на Кефрен во Гиза, Старото Кралство. Симболот на тронот, за којшто објавата тврди дека е буквата Ж од нашата азбука, нема никаква врска со букви. Станува збор за симболот „сема-тави” – еден од најважните симболи во древноегипетската иконографија. Сема-тави го симболизирал единството помеѓу Горен и Долен Египет
Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од статуа на некој антички владетел и вели:
Буквата Ж на престолот.
Доколку ја пребарате фотографијата на Гугл, ќе најдете дека станува збор за статуа на Кефрен востоличен, од Храмот во Долината на Пирамидата на Кефрен во Гиза, Старото Кралство.
Кефрен (се чита и како Кафре, Кафра, Хафра и грчки: Χεφρήν Чефрен) бил фараон од IV династија во Старото Кралство на Древен Египет и син на Куфу (градителот на Големата пирамида). Неговата прочуена статуа потекнува од Храмот во Долината крај неговата пирамида во Гиза и денес се наоѓа во Египетскиот музеј во Каиро.
„Кeфрен на престолот“ е статуа изработена од анортозитен гнајс, вреден, исклучително тврд и темен камен. Статуата била изрезбана за храмот на фараонот во долината во близина на Големата Сфинга, дел од некрополата што се користи во погребните ритуали.
Симболот на тронот, за којшто објавата тврди дека е буквата Ж од нашата азбука, нема никаква врска со букви. Станува збор за симболот „сема-тави” — еден од најважните симболи во древноегипетската иконографија.
Сема-тави го симболизирал единството помеѓу Горен и Долен Египет.
Се состои од двете симболични растенија од овие региони: цветот лотос (кој го претставува Горен Египет) и папирусот (кој го претставува Долен Египет), поврзани заедно со хиероглифот „сема“, што означува „соединување“ и ги прикажува трахеата и белите дробови. Најраниот познат приказ датира од ерата на фараонот Ден од Првата династија.
И столчето на Тутанкамон е украсено со сема тави симбол на обединувањето на Горен и Долен Египет.
Овој симбол е алегорија за обединувањето на двете земји под власта на фараонот. Често се прикажува на престоли, храмови и објекти поврзани со кралска власт, како дел од идеологијата за кралска легитимност и божествена власт. Овој симбол нема никаква врска со буквата Ж од нашата азбука.
Поради сето ова, оценуваме дека објавата е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар