Булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ поврзан со скопската обиколница

Фото: Фејсбук профил на градоначалникот Шилегов - принтскрин

 

Во септември  2018 година градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на официјалното отворање на првиот дел од  булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Општина Бутел (потегот од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“), ја најави изградбата на втората фаза на овој булевар: 

Сакам да ја најавам и втората фаза од проектот за изградба на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, која ќе се одвива во наредните 18 месеци, од улицата Натанаил Кучевишки до Обиколница. 

[Извори: А1 ОН; Тајм.мк; Датум: септември 2018г. ]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Поврзувањето на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Општина Бутел со обиколницата,  е  исполнето ветување на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.  Изградбата на оваа делница од првиот скопски булевар што излегува на обиколницата, Шилегов ја вети во септември 2018 година давајќи притоа рок на реализација од 18 месеци.

Споменатиот потег на булеварот булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ – од крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“ до скопската обиклоница, е изграден и официјално пуштен во сообраќај на почетокот на мај минатата година.

Порталот „24 инфо“ на 01.05.2020 г. објави снимки направени додека нивната екипа се возела низ булеварот. Видео од новоизградената  делница на булеварот на неговиот Фејсбук профил објави  и градоначалникот Шилегов. Оваа сообраќајница во Бутел којашто од северниот дел на Скопје излегува на Обиколницата, беше официјално пуштена во употреба,  на 7 мај 2020 година.

Имајќи предвид дека делницата е завршена во предвидениот рок ветувањето на Шилегов го сметаме за исполнето.

Инаку, изведбата на оваа собраќанијца со шест коловозни ленти, велосипедски и пешачки патеки е од страна на „Пелагонија АД“ – Гостивар, за што во август 2018 година беше склучен договор со Град Скопје. Првиот дел  од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, на потегот од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“, кој исто така го градеше „Пелагонија АД“ – Гостивар, официјално беше отворен на 09.09.2018 година.

 

****Забелешка

Изградбата на овој булевар почна на крајот на 2015 – почетокот на 2016 година,  за време на мандатот на претходниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски. Поврзување на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ со обиколницата, Трајаносвки вети на изборите во 2013 година (во неговата изборна програма  стр. 54), но не успеа да го реализира ветувањето.  „Вистиномер“  пред крајот на мандатот на Трајановски (септември 2017) го анализираше ова негово изборно ветување и тогаш сè уште беше во тек изградбата на првата фаза од булеварот.

 

ИЗВОРИ:

 


Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција