Бурек? Не, благодарам, не јадам бурек

12302014-MIA-Drz-Ispit-crop-resize

[Рецензија: Ѓорѓиевски: Државниот испит ќе помогне за продуцирање квалитетни кадри]

Да не беше смешно, ќе беше трагично. Или обратно – сеедно. Во преголемата желба за додворување на промоторите на новите реформи во високото образование, односно во желбата да се афирмира една крајно контрадикторна новина, се пласира медиумска содржина која целосно ја промашува целта.

Од приложеното се гледа дека овој менаџер од реалниот сектор зборува за придобивките на практичната настава која студентите треба да ја посетуваат за време на студиите, а не за државниот испит. Написот го игнорира тоа и си ја тера својата агенда – да го афирмира и брани проектот „државен испит“.

И тоа не е единствената „мана“ на оваа содржина.

12302014-MIA-Drz-IspitЛинк до оригиналниот напис: Ѓорѓиевски: Државниот испит ќе помогне за продуцирање квалитетни кадри

Датум и време на објавување:25.12.2014, 14:47 

Датум на рецензирање: 30.12.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Прво за вистинитоста. Многу е проблематично да се застане само на една страна и ставовите на таа страна да се застапуваат како единствено вистинити и исправни. Тоа се нарекува пристрасност. Така вели и членот 14 од Кодексот на новинарите:

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Во случајот на оваа медиумска содржина, не само што нема професионална дистанца, туку и средствата со кои се прави обид да се поткрепи една противречна иницијатива, се прилично проблематични.

Како да му веруваме на застапникот за државен испит, искористен во овој текст, кога прво тој не знае за што станува збор. Второ, на новинарите им е дозволено да користат авторитетни извори кои не се експерти за некои прашања, но, во овој случај, не само што немаме експерт, туку и авторитетот на личноста цитирана во оваа медиумска апологетика, е прилично проблематичен. Управител на синџир бурекчилници (!?!)

Доволно е. Нема многу да се задржиме на овој текст за да не добие неосновано големо внимание.

Ова е уште и еден од „подобрите“ спинови. На една национална телевизија одеше најава дека следува прилог во кој менаџери од реалниот сектор ја поздравуваат идејата за државен испит, а во прилогот немаше ниту еден менаџер. Само владини претставници.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција