Цеца не признала дека „Бугарин дал пари за да го стави бугарското знаме“

Таква изјава не постои ниту во македонските ниту во српските медиуми. Пејачката после концертот изрази жалење доколку прифаќањето на знамето на сцената предизвикало навреденост кај домаќините.

Таква изјава не постои ниту во македонските ниту во српските медиуми. Пејачката после концертот изрази жалење доколку прифаќањето на знамето на сцената предизвикало навреденост кај домаќините. Линкот поставен во коментарот е кликбејт и тоа малициозен кликбејт кој води до страница со вируси

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Балканот во шок: (Видео) Цеца призна во емисија дека Бугарин дал пари за да го стави бугарското знаме – погледни – повеќе на линкот во коментар.

Во склоп на објата се споделува фотографија од концертот на пејачката Светлана Ражнатовиќ Цеца во Велес, кој предизвика контроверзи во медиумите откако ѝ беше подадено бугарско знаме од некој од публиката што подоцна доведе до низа критики и изјави од страна на пејачката во коишто таа даваше свои објаснувања. Не е точно наведеното во објавата дека „Цеца признала во емисија дека Бугарин дал пари за да го стави бугарското знаме“. Во објавата се тврди и дека во коментарот има линк кој води до таква содржина, меѓутоа линкот поставен во коментарот е клик-бејт и тоа малициозен клик-бејт кој води до страница со вируси.

Најчестите предупредувачки знаци за ваквите малициозни клик-бејт содржини се наслови што ветуваат шокантни, итни или неверојатни работи – како на пример „Нема да верувате…“, „Направете го ова веднаш…“,  скратени или чудни линкови (bit.ly, tinyurl) од непознати испраќачи, правописни грешки, лош дизајн или нискоквалитетни фотографии, несовпаѓање на домејнот (урл-то на страницата е сомнително), неочекувани барања да симнете некој фајл за „да ја видите содржината“ итн.

Имено, на 31 октомври 2025, на концертот на српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ (позната како Цеца) се случи контроверзен момент кога некој од публиката ѝ даде бугарско знаме, кое таа го подигна и го обвитка околу себе.

Но, не е точно дека таа. дала изјава оти „Бугарин дал пари за таа да го стави знамето“. Таква изјава не постои ниту во македонските ниту во српските медиуми. Пејачката после концертот изрази жалење доколку прифаќањето на знамето на сцената предизвикало навреденост кај домаќините.

Секогаш со радост го прифаќам секое знаме од мојата публика, без разлика од каде кој доаѓа. Жал ми е ако тој чин некого повредил, но тоа не ми била намерата, особено не да ги навредам домаќините, изјави Ражнатовиќ додавајќи дека вечерта сепак ќе ја памети по позитивната енергија и љубовта од публиката.

Клик бејт содржините честопати играат со емоциите на корисниците на социјалните мрежи – преку емотивна тематика, или тематика којашто предизвикува интерес се прави обид да се дојде до клик повеќе и покрај тоа што насловот и најавата на содржината воопшто не се испорачани и се комплетно невистинити. „Изјавата“ во која што Ражнатовиќ кажала дека „Бугарин платил за да го стави знамето“ е исмислена. Ваквите дезинформации може да влијаат негативно на односите меѓу С. Македонија и Бугарија.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција