Централната банка на Иран има гувернер и на оваа позиција е маж, а не девојката од фотографијата
Објавата е доста вирална и предизвикува позитивни емоции кај следбениците, што може да се види и од коментарите под неа. Имајќи го предвид тоа, се обидовме да ја провериме релевантноста на напишаното. Прво, најдовме дека Централна банка на Иран постои, но таа нема директор. Централната банка на Иран е институција како Народната банка на Северна Македонија и таа има гувернер.
Објавата е доста вирална и предизвикува позитивни емоции кај следбениците, што може да се види и од коментарите под неа. Имајќи го предвид тоа, се обидовме да ја провериме релевантноста на напишаното. Прво, најдовме дека Централна банка на Иран постои, но таа нема директор. Централната банка на Иран е институција како Народната банка на Северна Македонија и таа на челната позиција има гувернер
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
Девојката на сликата е директор на Централната банка на Иран.
Дента пред да започне на ова работно место, нејзиниот татко и рекол:
“Утре кога ќе појдиш на работа не кажувај никому дека си порасната во сиромашно семејство и дека татко ти работи како ѓубреџија, сите твои колеги ќе ти се смеат”
Следниот ден, девојката ја објавила оваа фотографија на социјалните мрежи со следнава порака:
“Јас пораснав во сиромашно семејство и татко ми работи како ѓубреџија. Му благодарам за моето образование и финансиските напори за време на моите студии. Те сакам, тато ти си моја гордост!
Објавата споделува фотографија на која се гледа маж облечен во униформа како хигиеничар и девојка која го бакнува во чело.
Објавата е доста вирална и предизвикува позитивни емоции кај следбениците, што може да се види и од коментарите под неа.
Имајќи го предвид тоа, се обидовме да ја провериме релевантноста на напишаното. Прво, најдовме дека Централна банка на Иран постои, но таа нема директор. Централната банка на Иран е институција како Народната банка на Северна Македонија и таа има гувернер.
Генералното собрание на Централната банка на Исламска Република Иран е составено од:
- Претседателот (како претседател на собранието)
- Министерот за економски работи и финансии
- Шефот на Организацијата за управување и планирање на државата
- Министерот за индустрија, рудници и трговија
- Уште еден министер што ќе го избере Советот на министри
Гувернерот на Централната банка на Исламска Република Иран го номинира претседателот, го потврдува Генералното собрание на Централната банка на Исламска Република Иран и го назначува претседателот.
Заменик-гувернерот на Централната банка на Исламска Република Иран го номинира претседателот и го назначува претседателот по потврда од Генералното собрание на Централната банка на Исламска Република Иран.
Во Извршниот одбор на банката, меѓу другите, се и гувернерот и заменик-гувернерот.
Гувернер на Централната банка на Иран од 2022 година па до денес е Мохамед Реза Фарзин. Во извршниот одбор на банката има само две жени од кои едната е Вицегувернер (за администрација и развој на ресурси), а другата е Вицегувернер (прашања за ИТ технологија).
Значи, никаде не сретнавме дека Централната банка на Иран има жена за директор, ниту пак таква функција – директор, постои.
Оттука, приказната содржана во објавата, веднаш отвора сомнеж за релевантноста.
Се обидовме да ја пребараме фотографијата на Гугл и најдовме дека таа е споделувана и во 2020 година. но со променета локација, со променети имиња на работното место на девојката. Во тој период (2018-2021) гувернер на Централната банка на Иран бил Абдолнасер Хемати. Значи, повторно немало жена на таа функција.
Во една Фејбук објава пак, на англиски јазик од 2020 година се тврди дека девојката самата ја испратила фотографијата до медиумите со порака дека го сака татка си многу и дека тој работи како хигиеничар. Тврдењето дека девојката сама ја однела фотографијата во медиумите за да се објави е измислица, бидејќи оваа фотографија не е објавена во ниту еден релевантен медиум во светот. Таа кружи само на социјалните мрежи и на непознати веб страници со забавна содржина.
Од она што можевме да го најдеме на Интернет, заклучивме дека автентичноста на фотографијата, кои се луѓето на неа, каде е снимена, сите овие околности варираат, со цел да се предизвика што поголем сообраќај во сите земји каде фотографијата се споделува. Станува збор за исклучително вирална фотографија во светски рамки, а ја има објавено и на руски сајтови.
Ликовите на фотографијата не се познати, односно не можат да се пронајдат со пребарување на интернет.
Автентичноста на приказната исто така не може да се потврди. Не е познато која е девојката и дали навистина е вработена на висока позиција, бидејќи во објавите каде што ја најдовме, има различни тврдења. Некаде се спомнува и дека е директорка на Централна банка на Лондон, а таква банка нема.
Она што е факт е дека девојката не е директор на Централната банка на Иран, бидејќи банката нема таква позиција. Има гувернер, а гувернер на оваа банка од 2022 година до денес не е жена. На оваа позиција немало жена ниту во претходниот мандат.
Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата има за цел со емотивен наратив да афирмира и да прошири содржина што се базира, не на нејзината фактичка вистинитост, туку на приказната која што над фотографијата некој ја објавува и модифицира. На таков начин се креира содржина која го зголемува сообраќајот на креаторот на страницата.
Поради ова, оценуваме дека објавата е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар