Централните банки се во јавна сопственост, а не под контрола на семејството Ротшилд

Седиштето на ЕЦБ во Франкфурт, Германија Фото: JIP, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Сопственици на Европската централна банка се централните банки на сите земји во Европската Унија. Таа нема приватни сопственици. Во објавата што ја рецензираме се преувеличува присуството на групите Ротшилд. Двете официјални веб-страници наведуваат во кои делови од светот се наоѓаат. 

Сопственици на Европската централна банка се централните банки на сите земји во Европската Унија. Таа нема приватни сопственици. Во објавата што ја рецензираме се преувеличува присуството на групите Ротшилд. Двете официјални веб-страници наведуваат во кои делови од светот се наоѓаат

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Само неколку земји останаа без централна банка контролирана од Ротшилд: Северна Кореја, Иран, Куба, Сирија? „Се враќаме до Нимрод“ изјава на самиот Лорд Џејкоб Ротшилд. #KazarianMafia

Во склоп на објавата се споделува и фотографија со антисемитистичка реторика. Како што пишуваат проверувачите на факти на „Франс Прес“, банкарското семејство Ротшилд е често цел на теории на заговор, честопати поттикнати од антисемитизам. Тврдењата дека во сите освен во неколку земји во светот Ротшилд имале „централни банки на Ротшилд“ се невистинити. Повеќето централни банки се владини субјекти, а Ротшилдови управуваат со приватни финансиски институции на голем број локации низ целиот свет.

Банкарските групи на Ротшилд,  Ротшилд и Ко и Едмонд де Ротшилд управуваат со приватни финансиски институции, а не со централни банки.

Според објавата од октомври 2019 година на Банката на Англија повеќето централни банки во светот се во државна сопственост, а неколку од нив имаат и приватни инвеститори. Европската централна банка ја дефинира централната банка како „јавна институција“, на која ѝ се доверени различни улоги , вклучително и контрола на понудата на пари – со примарна цел да се одржи „стабилноста на цените “.

Сопственици на Европската централна банка се Централните банки на сите земји во Европската Унија. Таа нема приватни сопственици. Во објавата што ја рецензираме се преувеличува присуството на групите Ротшилд. Двете официјални веб-страници наведуваат во кои делови од светот се наоѓаат.

Претставник на групацијата „Ротшилд и Ко“ потврди на 19 декември 2024 година дека има „глобално присуство“ во „49 земји“ и преку „69 канцеларии“. Ова е далеку од светско присуство, со оглед на тоа што Организацијата на Обединетите нации има  193 земји-членки. Портпаролот на групата Едмонд де Ротшилд додаде на 19 декември 2024 година дека групата има „мнозинско присуство во Европа“, особено во Швајцарија, Франција, Луксембург, Монако, Белгија и Италија, пишуваат проверувачите на факти на „Франс Прес“. 

Во интервју за  Би-Би-Си за истрајноста на теориите на заговор околу ова име, Мајк Ротшилд, американски новинар специјализиран за покривање на теории на заговор кој нема никаква врска со семејството Ротшилд вели:

Ротшилдови продолжуваат да привлекуваат толку голем интерес затоа што тие остануваат едно од најпознатите еврејски семејства на Западот. Теориите на заговор обично содржат некаков антисемитски елемент, особено елементи за тоа кој го контролира заговорот и кој го финансира.

Лорд Џејкоб Ротшилд кој се споменува во објавата што ја рецензираме, почина во 2024 година. Во официјални извори никаде не се споменува дека некогаш изјавил „се враќаме до Нимрод“ како што невистинито се тврди во објавата што ја рецензираме.

Во минатото за Ротшилд семејството во повеќе наврати се ширеа теории на заговор на слична тема. 

Дел од нив се дебанкирани од проверувачите на факти на „Ју Ес Еј Тудеј“. 

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција