Цензурата и автоцензурата го „намалија“ индексот на слобода на медиумите во Албанија

„Унапредување на слободата на изразување и медиумите се наши итни приоритети“, истакна премиерот на Албанија Еди Рама во неговиот говор пред Советот за безбедност на ОБСЕ на 6 февруари 2020 година.

 

„Зад довчерашните тепачи и уценувачи на весници, новинари и медиуми кои зборуваат во име на нивната слобода…ќе дојде ден за судење“, ја обвинуваше Рама опозицијата во земјата, на 4 мај 2019 година, на Меѓународниот ден на слободата на медиумите.

Но, колку се слободни медиумите во Албанија и кои се главните предизвици со кои се соочуваат тие кои објавуваат вести?

„Законот „против клевета“ за онлајн медиуми, ограничување на новинарите до пристапот до информации, забрана на новинари и активисти и затворање на емисии критични кон владата“, се дел од причините поради кои Албанија изгуби две места во Индексот за слобода на медиуми во светот објавен од „Репортери без граници“ за 2019 година.

Извештај на „Репортери без граници“ за слободата на медиуми за 2019 година

„Ограничувајќи слободата на изразување, информациите и медиумите и против најдобрите меѓународни практики, двата закони ризикуваат да ја зголемат цензурата на новинарите кои се почувствителни од владиниот притисок“, додаваат Репортерите без граници.

Извештајот на „Репортери без граници“, исто така, ја истакнува нетранспарентноста за насилството над новинарите.

„Во меѓувреме властите во земјата, која  се стреми да стане членка на Европската унија, не успеаја да ги откријат и осудат физичките напади и сериозните закани против новинарите“, се истакнува во извештајот.

Претседателот на Републиката, Илир Мета реагираше „загрижен“ по извештајот на Извештајот без граници.

„Влошувањето на позицијата во Светскиот Индекс за слобода на медиуми, според годишните заклучоци на светската организација на новинарите„ Репортери без граници “, е неприфатливо и бара итен одговор и реакција од сите“, рече претседателот Мета.

Претседателот Илир Мета исто така побара ревизија на двата закони „Против клевета“ за онлајн медиумите.

„Уште еднаш ја повикувам владата да го повлече и разгледа пакетот донесени закони, кои, како што истакнува светската организација на новинарите, и како што предупредив јас,

  • Ги кршат основните уставни принципи на една демократска држава;
  • Го нарушува правото на слобода на изразување, печатот и правото на информирање;
  • Тоа е спротивно на судската пракса на Уставниот суд;
  • Ги крши стандардите на Европската конвенција за човекови права“, рече претседателот Мета.

Но, како влијае самата албанска политика врз слободата на медиумите во земјата?

„Те гледам тебе и размислував за друга личност, твој колега, маж“, и се обрати премиерот Рама на новинарката Ени Васили во емисијата „Опен“.

Казан, свињи, кретени, свињарник, хипокрити, паразити, лажговци, грешни вокалисти на криминалот, мрзливци, непријатели, неодговорно, неначитани или ’познато изрека’ медиумско село”, – се некои од навредите упатени до новинарите од премиерот Рама .

„Слободата на медиумите во Албанија е во ’загрижувачка состојба’ поради физички напади, навредлив јазик против новинарите и, неодамна, иницијативата на владата да донесе закон со кој се ставаат под контрола медиумите и со што се кршат принципите на европските стандарди,“– напиша Комитетот за заштита на новинарите на 21 јуни 2019 година.

Се чини чудно, дури на работ на неверојатното, но во Албанија, политичките актери во земјата, а поточно владата „придонесе“ за влошување на индексот за слобода на медиуми во земјата.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција