Чавков се согласи со Прибе

Çavko pranon konstatimet e Pribes. Foto: Skrinshot

 

Митко Чавков, актуелен министер за внатрешни работи изјави:

…Факт е дека останаа тешки последици од сето тоа (од скандалот со незаконски прислушуваните телефонски разговори-н.з.) и според мене треба да се сфати од било кој политичар, поединец или политичка партија, дека тоа е национален интерес, дека треба низ рамките на тие реформски процеси, со еден консензус да почнеме да го консолидираме безбедносниот систем и да го вратиме на позиции или состојби да биде гарант за безбедноста во РМ и генерално на регионално ниво. Тоа ќе биде мачен и тежок процес, потребен е политички консензус за тоа…Тоа претпоставува пак корекција на одредени законски решенија, бидејќи видовме дека има и слабости.Тоа се утврди практично и од Извештајот на Прибе.

[Извор: ТВ Сител, интервју (од 7 до 8.20 мин.) – Датум, 22.05.2015 ]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Оваа изјава дадена во дел од интервјуто на старо-новиот министер за внатрешни работи Митко Чавков е точна и вистинита.

Чавков, во подолг разговор за Сител ТВ, изнесува повеќе оценки околу актуелните состојби во МВР, околу последиците по безбедносниот систем во целина и во самото МВР по објавувањето на прислушкуваните разговори, т.н. „бомби“ на опозицискиот СДСМ во текот на минатата година и за некои аспекти околу тоа дали сè уште некој поседува и тргува со таквите разговори. Во еден дел од интервјуто, Чавков признава дека целиот настан со тоа што некој „ја злоупотребил опремата во МВР“, предизвикало и оставило „тешки последици“ врз МВР, дека е потребен „политички консензус“ за да се врати стабилноста на системот и дека ќе бидат потребни и системски и законски промени, бидејќи, вели Чавков, „видовме дека има слабости“ кој се констатирани „и од Извештајот на Прибе“.

Со оваа своја изјава Чавков, меѓу другото, признава дека Извештајот на Прибе во делот за работата на безбедносните служби во Македонија е точен. Да се потсетиме што кажа германскиот дипломат во својот извештај од мај 2015 година, откако со серија експерти неколку недели по барање на ЕУ ја проучуваше состојбата во земјава. Во делот Следење на комункациите се вели:

…Досега објавените материјали достигнаа околу 500 страници со транскрипти од разговорите. СДСМ тврди дека има пристап до околу 20.000 снимени разговори и дека овие разговори се направени од националните разузнавачки служби. Генерално е признаено дека овие снимки се правени нелегално во текот на неколку години и не се дел од законска и судска постапка. Овие снимки според квалитетот, опсегот и бројноста потврдуваат дека се направени во просториите на национлната разузнавачка служба. Содржината на многу од снимките упатува на индикации на незаконски активности и злоупотреба на моќта од страна на вискои владини службеници. Од почетокот на скандалот со прислушкувањето во јануари 2015, шефот на разузнавачката служба и двајца високи владини министри поднесоа оставки.

 

А еве што се вели во Извештајот, за Причините за сегашната ситуација:

…Причините за одолговлекувањето на скандалот во Република Македонија се во концентрацијата на моќтта во националната безбедносна служба (УБК) и во злоупотребата на механизмот за надзор над УБК.

…Според надворешен набљудувач, УБК работи надвор од својот законски мандат во име на власта за да ги контролира носителите на високи функции во јавната администрација, обвинителството, судиите и политичките противници како последица на што се вмешува во независноста на судството и другите национални инситуции.

Од аспек на техничката опременост, УБК има монопол над користењето на опремата за следење во разузнавањето и во кривичните истраги. Екслузивитетот во следењето го врши и набљудува во свое име УБК, како и во име на полицијата, Царинската управа и финансиската полиција. Затоа и УБК ги има средствата за мешање во кривичните истраги и индиректно да ја потцени/поткопа независноста на водачот на истрагата (обвинителот)…

Конечно, еве што вели Прибе во делот Препораки во однос на следењето на комуникациите:

…УБК не треба да има директен пристап до техничката опрема која дозволува отсликување на комуникацискиот сигнал. The proprietary switches треба да бидат преместени во просториите на телекомуникациските оператори. Операторите треба да ги активираат и пренасочуваат сигналите до надлежните органи (Полицијата, Царинската управа и Финансиската полиција) или до безбедносните органи (Управата за безбедност и контраразузнавање, Агеницијата за разузнавање и одделот за воена безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана), само по добивањето на релевантна судска наредба и само за целите на законското прислушкување. Под било кои околности УБК не треба да има практична можност за директно пресретнување на  комуникациите….

Имајќи, го предвид целосниот Извештај на Прибе, во којшто се наведени и причините и последиците и препораките за надминување на состојбата, изјавата на Митко Чавков за последиците по безбдносниот систем и по МВР по обелоденувањето на скандалот со прислушувањето, ја оценуваме како вистината, бидејќи функционерот, покрај своите согледувања, наведува дека слабостите се откриени, „практично и со Извештајот на Прибе“. Со тоа, де факто, Чавков е еден од ретките функционери именувани од ВМРО ДПМНЕ кој се согласува со констатациите во Извештајот, кои потоа беа преточени и во препораки и насоки за излез од кризата, утврдени и со извештаите на Европската унија и со Договорот од Пржино.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Тео Блажевски

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција