Чичкото што продава медицински маски е фотографиран во Романија, не во автобус на ЈСП

На социјалната мрежа „Фејсбук“ деновиве се споделува пост со фотографија од човек што во раката држи медицински маски што наводно ги продава во автобус на ЈСП, по цена од 80 денари.

Отсекогаш подземјето било побрзо од институциите… снимено денес во ЈСП… кутија маски 1200 денари… една маска 120 денари… иначе во нормални услови маската е 7 денари… (торбата што ја носи има повеќе од 500 маски), гласи фејсбук-постот.

Дел од граѓаните наседнаа на ваквата информација, но дел од нив се посомневаа дека станува збор за автобус на ЈСП. Некои успеаја и да ја „провалат“ фотографијата и да откријат дека е направена во Романија, а не во Скопје.

Доколку просурфате на „Гугл“, ќе видите дека фотографијата веќе е објавувана и на други страници, како на пример, на фејсбук-страницата на 3minute.net, каде што фотографијата е постирана на 25 февруари. Според статусот, фотографијата е направена во градот Крајова, Романија.

 

Ана Анастасовска

 

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција